Се подготвува брзо, а вкусот е загарантиран, вишните и чоколадото се одлична комбинација.
Состојки:
- 130 грама мек путер
- 150 грама чоколадо
- 150 грама темно чоколадо
- 180 грама шеќер
- 100 грама брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- 50 грама какао во прав
- 3 јајца
- 50 грама бело чоколадо
- 50 грама млечно чоколадо
- 100 грама вишни без семки
Подготовка:
Подгответе калап за торта со дијаметар од 24 см обложен со хартија за печење. Растопете го темното чоколадо и путерот на тивок оган, мешајќи постојано. Откако смесата ќе се соедини, оставете ја да се олади неколку минути додека не стане млака. Додадете го шеќерот во млаката смеса од чоколадо и путер. Потоа, додадете го брашното измешано со прашокот за пециво и какаото.
Додадете ги јајцата и добро измешајте сè. Додадете ги парчињата бело и млечно чоколадо, како и вишните, и нежно измешајте со шпатула или жица за матење. Истурете ја смесата во подготвениот калап. Посипете уште неколку парчиња вишни и чоколадо одозгора. Печете во рерна загреана на 180°C 25 минути. По печењето, оставете го колачот целосно да се олади пред сервирање.
МИА
