Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
АгровестиСовети

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето

Објавено 08/07/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Периодот од пораст на зрното, формирање на гроздот и прошарокот, до зреењето на грозјето е еден од најкритичните во производството на винова лоза. Во овие фенофази се формираат приносот и квалитетот на грозјето, па затоа состојбата на лозовите насади има големо влијание врз добивање здрав и квалитетен род.

Во текот на летниот период, комбинацијата од високи температури, врнежи и зголемена влажност создава поволни услови за развој на повеќе габни заболувања. Најголемо внимание треба да се посвети на појавата на пламеницата, пепелницата и сивото гниење, кои можат значително да ги оштетат листовите, ластарите и гроздовите.

Пламеницата (Plasmopara viticola), најчесто се развива по врнежи и подолготрајна влажност, при што може да предизвика оштетувања на листната маса, болеста предизвикува појава на маслени дамки на листовите, а при посилни инфекции ги зафаќа и гроздовите.

Пепелницата (Erysiphe necator), пак, се развива и во услови на високи температури, а доколку не се контролира навреме, може да доведе до пукање на зрната и намалување на квалитетот на родот. Болеста ги зафаќа листовите, ластарите и зрната, кои се покриваат со бела прашкаста превлака и заостануваат во развојот.

Во фазата на затвaрање на гроздот и за време на прошарокот се зголемува опасноста од појава на сиво гниење (Botrytis cinerea). Густите гроздови, високата влажност и механичките оштетувањата на зрната создаваат идеални услови за развој на ова заболување, кое може да предизвика гниење на гроздовите и значителни загуби непосредно пред бербата.

Покрај болестите, во овој период потребно е редовно да се следи и присуството на штетници, особено цикадите, гроздовиот молец и пајаковите грини. Нивната појава не само што предизвикува директни оштетувања, туку може да го олесни навлегувањето и ширењето на патогени микроорганизми.

Покрај мерките за заштита, големо значење има и примената на соодветни агротехнички практики односо добрата проветреност на насадите, умереното отстранување на листната маса околу гроздовите, редовното отстранување на оштетените растителни делови и континуираниот мониторинг придонесуваат за намалување на ризикот од појава и ширење на болести. Навременото следење на развојот и состојба на лозата и преземањето соодветни мерки во овие фенофази се од клучно значење за зачувување на приносот и производство на квалитетен род. 

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Девизните резерви на крајот на јуни на ниво од 4.936 милиони евра
Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
АМСМ: На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Без струја делови од Сопиште, Бутел, Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров
Македонската берза го почнува проектот за поттикнување и подготовка на домашните компании за пазарно финансирање
Таг:болестивиновата лозагрозјетоформирање
Претходен напис Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
Следен напис Девизните резерви на крајот на јуни на ниво од 4.936 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?