Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution
Агровести

Директорот на ТИРЗ на средба со белгиско-македонскиот бизнис клуб и Euro-Tech Distribution

Објавено 07/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, денеска оствари средба со претставници на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution. Средбата опфати разговори во насока на тековните активности, а беа презентирани и можностите кои ги нудат технолошките индустриски развојни зони, како и поволната деловна клима во државата, соопштуваат од ТИРЗ.

– Директорот Димовски истакна дека привлекувањето квалитетни странски инвестиции останува еден од клучните приоритети на ДТИРЗ, со фокус на проекти кои создаваат додадена вредност, отвораат нови работни места и придонесуваат за одржлив економски раст. Тој нагласи дека целта е преку партнерски однос, ефикасни институции и стабилна и предвидлива деловна средина да се создадат услови за нови инвестиции со долгорочен позитивен ефект врз македонската економија – стои во соопштението.

Од страна на претставниците на белгиско-македонскиот бизнис клуб и француската компанија Euro-Tech Distribution, како што дополнуваат, бил изразен особен интерес за можностите што ги нуди Македонија како инвестициска дестинација. Воедно, беше истакната подготвеност за понатамошна комуникација и размена на информации во насока на разгледување на конкретни можности за инвестирање и воспоставување натамошна соработка.

Euro-Tech Distribution е француска компанија специјализирана за развој, производство и дистрибуција на мали апарати и опрема за домаќинство. Со повеќе од 25 години искуство, компанијата нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи роботски правосмукалки, роботски чистачи за базени, кујнски апарати, грејни и разладни уреди, како и производи за лична нега. Покрај развојот на сопствени производи, компанијата обезбедува и постпродажна поддршка и дистрибуција на европските пазари, со седиште во Бондју, Франција.

ТИРЗ

Може да ви се допадне

Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Пад на инфлацијата во јуни 
Скопјани прават најмногу отпад: Македонското „малку ѓубре“ е сепак голем проблем
Продолжен рокот за државна поддршка и можност за граѓаните до 30.000 денари за приклучок или котел на гас
Во петок второ авионско прскање против комарци во Велес
Таг:Euro-Tech Distributionбелгиско-македонскиотбизнис клубТИРЗ
Претходен напис Пад на инфлацијата во јуни 
Следен напис Европскиот Парламент одлучи веднаш да исплати 75% од директните плаќања
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?