Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во седум општини од Југоистокот од денеска до четврток се прска против комарци по земјен пат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во седум општини од Југоистокот од денеска до четврток се прска против комарци по земјен пат
Агровести

Во седум општини од Југоистокот од денеска до четврток се прска против комарци по земјен пат

Објавено 06/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека согласно Планот за спроведување на адултицидна терестријална дезинсекција, во периодот од 6 до 9 јули 2026 година ќе се спроведе второто прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион.

Активностите ќе се реализираат според следниот распоред:

📍 06.07.2026 година

  • Општина Радовиш – почеток во 21:00 часот
  • Општина Конче – почеток во 24:00 часот
  • Општина Струмица (градско подрачје) – почеток во 22:00 часот

📍 07.07.2026 година

  • Општина Босилово – почеток во 21:00 часот
  • Општина Струмица (населени места) – почеток во 22:00 часот

📍 08.07.2026 година

  • Општина Валандово – почеток во 21:00 часот
  • Општина Василево – почеток во 22:00 часот

📍 09.07.2026 година

  • Општина Ново Село – почеток во 21:00 часот.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелните семејства. Исто така, се препорачува граѓаните за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се спроведува прскањето.

Доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши во првиот нареден поволен ден.

Со спроведувањето на оваа активност се продолжуваат мерките за намалување на популацијата на комарци и заштита на јавното здравје на граѓаните во Југоисточниот плански регион.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Може да ви се допадне

Во Пробиштип почнува пријавувањето на штетите од пожарот, изгорени над 250 хектари
Берово домаќин на регионален форум за одржливо управување со биоотпадот во Источниот регион
Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Таг:Југоистокоткомарциседум општиничетврток
Претходен напис Берово домаќин на регионален форум за одржливо управување со биоотпадот во Источниот регион
Следен напис Во Пробиштип почнува пријавувањето на штетите од пожарот, изгорени над 250 хектари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?