Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Јавните финансии стабилни, даночните приходи растат

Објавено 06/07/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во првата половина од годината, односно во периодот јануари – јуни, вкупните приходи во буџетот се реализирани во износ од 170 (поточно 169,9, па ги заокружив) милијарди денари, што е раст за 8,6 отсто во споредба со истиот период од претходната година и има реализација на планот од над 45 %.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето на ребалансот на буџетот за 2026 година во комисиската расправа во Собранието оцени дека јавните финансии се стабилни, приходната страна се реализира во согласност со очекувањата, а расходите се насочени кон исполнување на законските обврски и реализација на приоритетните развојни политики.

„Особено е значајно што најголемиот дел од приходите доаѓаат од редовната економска активност.  Даночните приходи достигнаа 96,7 милијарди денари, при што приходите од данокот на додадена вредност изнесуваат 43,3 милијарди денари и учествуваат со речиси 44,7 % во вкупните даночни приходи. Приходите од данок на личен доход достигнаа 17,5 милијарди денари, приходите од данокот на добивка 13,8 милијарди денари, а по основ на акцизи се реализирани 13,9 милијарди денари“, наведе министерката. 

Податоците покажуваат раст на приходите од данокот на личен доход за 11,7 %, данокот на добивка за 14,5 %, данокот на додадена вредност 16,4 % и раст од 8,3 % кај увозните давачки бележат раст.

Според министерката, ова е директна потврда дека економската активност продолжува, дека компаниите работат, дека платите растат и дека институциите успешно ја реализираат политиката на подобра наплата и намалување на сивата економија.

Социјалните придонеси во овој период од шест месеци, а како најзначаен извор за финансирање на пензискиот и здравствениот систем, достигнаа 58,8 милијарди денари, што претставува раст за 7,5 % во споредба со истиот период минатата година.

На расходната страна на буџетот, која е реализирана во износ од 205,9 милијарди денари, е во насока на исполнување на законските обврски кон граѓаните.

Во првата половина од 2026 година исполнети се обврските кон стопанството, односно извршен е поврат на средства по основ на солидарниот данок во висина од 1,2 милијарда денари. За исплата на пензии издвоени се 58,1 милијарди денари и е обезбедена редовна исплата на пензиите за сите пензионери. За финансирање на здравствениот систем реализирани се 25,5 милијарди денари, а за социјална заштита на најранливите категории на граѓани исплатени се 7,6 милијарди денари. Кон општините се трансферирани 15,1 милијарди денари блок-дотации за образование, детска заштита, култура, противпожарна заштита и другите пренесени надлежности, како и дополнителни 2,4 милијарди денари средства од данокот на додадена вредност. Истовремено, во првата поволина од годината државата дисциплинирано ги сервисира сите обврски кон домашните и странските кредитори. За камати исплатени се 12 милијарди денари, а за отплата на главнина по основ на домашен и надворешен долг сервисирани се 60,7 милијарди денари.

Според министерката, како што наведе во експозето, ова е исклучително важно бидејќи финансиската дисциплина и навременото сервисирање на долгот се предуслов за зачувување на довербата на инвеститорите, меѓународните финансиски институции и кредитните агенции.

Таа потенцира дека на расходната страна политиката останува непроменета – навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики.

Министерката истакна дека она што претставува најсилен показател за развојната политика на Владата е реализацијата на капиталните расходи, која во првата половина од годината достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Тоа, смета министерката, значи дека државата инвестира повеќе во патишта, железници, комунална инфраструктура, училишта, градинки, здравствени установи, водоводи, канализации, енергетски проекти и локален развој. За изградбата на коридорите 8 и 10-д до крајот на мај реализирани се 6,3 милијарди денари, а дополнително, за инфраструктурните проекти во општините, реализирани се 2,1 милијарди денари.

Министерство за финансии

Може да ви се допадне

Водата во Скопје е безбедна за пиење
Потпишан договорот за грант за изградба на автопатот Скопје – Блаце
Министерот Трипуновски оствари средба со претставниците на МЗЗ и МАЗЗ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Без струја делови од Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров
Таг:Димитриеска-Кочоскаприходи растатстабилнифинансии
Претходен напис Министерот Трипуновски оствари средба со претставниците на МЗЗ и МАЗЗ
Следен напис Потпишан договорот за грант за изградба на автопатот Скопје – Блаце
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?