Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето
Агровести

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија се на терен и се справуваат со последиците од невремето

Објавено 01/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, објави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот фејбук профил.

-Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.
Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици. Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно. Не можеме да го запреме невремето, но можеме организирано, одговорно и заеднички да спречиме поголеми штети, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Тој ги повикув граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби, кои, како што вели, се на терен.

Главниот град околу 14:30 часот го зафати големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер. Во делови од градот, особено во централното градско подрачје паѓаше и силен град. Голем дел од булеварите и подвозниците се поплавени, а има и паднати семафори и дрвја. На местата каде што има поплави полицијата го затвора сообраќајот и го пренасочува по алтернативни улици. Граѓани јавуваат дека има поплавени куќи во близина на цементарницата „Усје“. Таму сообраќајот е во прекин. 

МИА

Може да ви се допадне

Земјоделска задруга ШАРИ: Болеста сипаници кај овците и козите претставува сериозен ризик за сточарството, ДА ГИ ЗАШТИТИМЕ НАШИТЕ ЖИВОТНИ!
Водата во Гостивар е безбедна за пиење
(Видео) Со огромен трактор влезе во огнот: Александар Чепиговски помогна да се запре пожарот во селото Лознани
ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
Без струја делови од Илинден, Сопиште, Кисела Вода и Гази Баба поради планирани технички интервенции
Таг:ЃорѓиевскиКризниот штабневреметопоследицитетерен
Претходен напис Албанија и Косово ја зајакнуваат  соработката во областа на земјоделството
Следен напис ЦУК преку пилот-проект воспоставува интелигентни камери за рана детекција на пожари во критични зони
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?