Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа од Боговиње: Институционалната соработка ја унапредува инфраструктурата за наводнување во интерес на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа од Боговиње: Институционалната соработка ја унапредува инфраструктурата за наводнување во интерес на земјоделците
Агровести

Хоџа од Боговиње: Институционалната соработка ја унапредува инфраструктурата за наводнување во интерес на земјоделците

Објавено 30/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Боговиње, Фети Абази, изврши увид во активностите за чистење на каналите за наводнување на територијата на општината.

Работите ги реализира АД Водостопанство, а значајна поддршка обезбедува и Општина Боговиње, која преку своето јавно комунално претпријатие стави на располагање механизација, работници и друга неопходна логистичка поддршка.

За време на посетата, заменик-министерот Хоџа истакна дека редовното одржување на системите за наводнување е еден од клучните предуслови за успешна земјоделска сезона и сигурно снабдување на обработливите површини со вода.

„Ова е добар пример како соработката меѓу централната и локалната власт носи конкретни резултати за граѓаните. Му благодарам на градоначалникот Фети Абази за посветеноста и конкретната поддршка во реализацијата на овие активности. Само со координација и заеднички ангажман можеме да изградиме пофункционален систем за наводнување и подобри услови за нашите земјоделци“, изјави Хоџа.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и понатаму ќе ја продлабочува соработката со општините во реализација на активности што придонесуваат за подобрување на водостопанската инфраструктура и создавање подобри услови за развој на земјоделството.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Комората за интегрирано приватно здравство стана дел од ССК
На државните патишта од утре се воведува летен времен режим на сообраќај
Без вода корисниците од улиците „Народен фронт“ и од „Васил Ѓоргов“
Европска централна банка: Кредитирањето на бизнисите во еврозоната се забрза
Прво авионско третирање против комарци утре на кавадаречката територија
Таг:БоговињеземјоделцитеинфраструктуратанаводнувањеХоџа
Претходен напис На државните патишта од утре се воведува летен времен режим на сообраќај
Следен напис Комората за интегрирано приватно здравство стана дел од ССК
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?