Едноставна салата со многу зеленчук, спас за оваа летна жега, бидејќи готвењето е минимално и се служи ладна. Салатата може да се чува неколку дена во фрижидер.
Состојки:
400 грама помали тестенини (по ваш избор)
2 чешниња лук
300 грама шери домати
150 грама исчистени црни маслинки
2 млади кромидчиња
1 китка магдонос
1 средна краставица
Прелив:
8 лажици бел вински оцет
14 лажици маслиново масло
4 чешниња сецкан лук
Подготовка:
Сварете ги тестенините во солена вода со две чешниња лук. Исцедете ги сварените тестенини и извадете го лукот. Оставете ги настрана да се изладат. Во меѓувреме, ситно исецкајте ги доматите, маслинките, младиот кромид и магдоносот. Излупете ја краставицата и отстранете го централниот дел со семките, а потоа исецкајте ја како и другите зеленчуци.
Подгответе го дресингот така што ќе ги ставите сите состојки во мала тегла. Затворете ја теглата цврсто и добро протресете. Оставете ја настрана додека не биде готова за употреба. Истурете ги изладените тестенини во сад за мешање, додадете го сецканиот зеленчук и на крај прелијте го подготвениот дресинг врз сè.
Добро измешајте ја салатата и послужете веднаш или покријте и чувајте во фрижидер до сервирање.
МИА
