Криминалните организации би можеле да ја искористат кризата за време на пандемијата за подлабоко пробивање во европската земјоделска мрежа, се предупредуваат од Европол.
Состанокот го организира Италија за да се овозможи поширока размена на информации помеѓу земјите погодени од пандемијата на корона вирусот.
Поради кризата и проблемите со ликвидноста кои се јавија, криминалните организации би можеле претпријатијата да ги снабдат со илегални пари, било кажано на состанокот, пренесува Танјуг.
Укажано е на конкретната опасност дека на тој начин мафијашките организации сакаат да стекнат богатство преку камати. Италија, поради тоа, како прва земја, воспостави посебна единица која треба да развие стратегија за спречување на таквите обиди на мафијата во легалното земјоделство. Мафијашките кланови на семејствата во неволја им нудат помош и услуги за да добијат удел во компаниите, укажува Виторио Ричи.
Мафијата со корупција, според неговите зборови, се обидува да допре и до државните работи.
Држава мора да биде внимателнасега во оваа актуелна ситуација повеќе од било кога, констатирале италијанските власти.
Извор:Информер
