Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата потребно е да ја симнат новата верзија на апликацијата ,,Мој ДДВ”.
Полето ,,Откажи Донација,, се појавува само кај оние корисници на апликацијата “Мој ДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јануари-март 2020 за справување со COVID-19.
Оваа опција ќе биде достапна на апликацијата “МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година.
