Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
Агровести

УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација

Објавено 05/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи (УЈП) и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација. Како што информира УЈП, пректот се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). 

Состанокот се одржа вчера, а беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за мониторинг, евалуација и учење. Членовите на Управниот одбор се усогласија и за динамиката на следните активности и приоритетите во претстојниот период.

-Проектот претставува значајна поддршка за спроведување на стратешките реформи на УЈП и е директно поврзан со реализацијата на стратешките иницијативи „Премин во дигиталниот свет“ и „Силна администрација – здрава кондиција“. Преку трите компоненти – модернизација на деловните процеси и дигитализација, внатрешно управување и човечки ресурси, како и комуникација и управување со промени, проектот ќе придонесе за понатамошно јакнење на институционалните капацитети и трансформација на даночната администрација, наведува УЈП.

Според Управата, особена вредност на ова партнерство е можноста за размена на искуства со шведската даночна администрација, која претставува еден од најуспешните европски примери за институционална трансформација и градење високо ниво на доверба кај граѓаните и деловната заедница.

-Овој пристап е целосно усогласен со визијата на УЈП за создавање современа, професионална и услужно ориентирана даночна администрација нов лик на УЈП. На состанокот беше изразена благодарност до сите партнери и чинители вклучени во проектот, како и до Владата на Шведска за континуираната поддршка што ја обезбедува за реформските процеси во државата. Проектот претставува конкретен придонес кон европската интеграција на земјата преку зајакнување на оперативните капацитети на УЈП и исполнување на обврските во рамки на Поглавје 16 – „Оданочување“, наведува УЈП.

УЈП

Може да ви се допадне

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
Хоџа: Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделството и руралниот развој
МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
Денеска е последен ден за отплата на долговите кон Водовод без камата
При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
Таг:модернизацијасостанокујпШведската даночна администрација
Претходен напис Хоџа: Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделството и руралниот развој
Следен напис Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?