Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хоџа: Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделството и руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хоџа: Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделството и руралниот развој
Агровести

Хоџа: Соработката со ОН и ФАО е клучна за модернизација на земјоделството и руралниот развој

Објавено 05/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, учествуваше на Првиот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за Рамката за соработка помеѓу Република Северна Македонија и Обединетите нации за периодот 2026–2030 година.

На состанокот беа презентирани резултатите постигнати во 2025 година со поддршка на Обединетите нации, како и планираните активности и приоритети во Заедничкиот работен план за 2026 година.

Во рамки на дискусијата, заменик-министерот Хоџа го нагласи значењето на соработката помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), особено во областите на консолидација на земјоделското земјиште, дигитализација на земјоделството, безбедност на храната, здравје на животните, управување со природните ресурси и справување со климатските предизвици.

Соработката со ФАО и останатите агенции на Обединетите нации продолжува да дава значаен придонес во модернизацијата на агро-прехранбениот сектор, руралниот развој и јакнењето на институционалните капацитети.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство останува посветено на понатамошно продлабочување на партнерството со меѓународните организации и спроведување политики кои придонесуваат за развојот на земјоделскиот сектор и подобрување на условите за живот во руралните средини.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Австралија заплени рекордни 100.000 илегални егзотични лебарки
УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
Денеска е последен ден за отплата на долговите кон Водовод без камата
При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци
Таг:земјоделствотомодернизацијаОНФАОХоџа
Претходен напис МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија достигна 1,77 милијарди евра приходи и 676 милиони евра извоз
Следен напис УЈП и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?