Рецепт за ликер од ореви кој е добар за штитна жлезда, грлото, дишните патишта, за бронхитис, желудник и за зајакнување на имунитетот. Сега е време да го направитe, кој е одличен и здрав.
Состојки:
- 30 зелени ореви
- 500 г шеќер
- 1 литар вотка или квалитетна домашна ракија
- 2 стапчиња цимет
- 1 лажица арома на ванила
- кора од еден лимон
Подготовка:
Исецкајте ја кората од лимон. Измијте ги и исушете ги оревите, а потоа исечете ги на четвртини. Измешајте ги сите состојки, освен оревите, во голема тегла додека шеќерот речиси не се раствори. Потоа додадете ги оревите.
Цврсто затворете ја теглата и оставете ја да отстои 2 месеци на светло место, но не на директна сончева светлина. Протресете ја теглата секој ден. По два месеци, процедете го ликерот и сипете го во чисто шише. На здравје!
МИА
