„На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции,“ најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија, пренесува Радио Пела.
Тој им се извини на производителите поради тоа што треба да се стрпат уште десетина дена за исплата на субвенциите но причината која ја наведе е преговорите со институциите за решавање на проблемот со тутунопроизводителите кои требаше да ги враќаат субвенциите поради констатирани неправилности.
Повеќе од видеото на Радио Пела.
