Се почесто необични продукти стануваат популарни, посебно оние кои со своите убави бои привлекуваат внимание. Меѓутоа во последно време расте трендот и побарувачката за бел, а посебно за така наречен албино зеленчук.
Белите патлиџани не содржат соланин и антоцијанин
Меѓу нив најбаран е белиот патлиџан кој всушност не содржи соланин и поради тоа нема горчина која е арактеристична за ова растение. Овој зеленчук има помалку бетакаротен, но содржи минерали како што се железо, калиум, магнезиум, калциум , манган и пектин. Белиот патлиџан содржи и влакна, фолна киселина, витамин Ц, К, Б6 и Б3.
Поради своите корисни својства се препорачува на луѓе заболени од дијабетис. Добро е да се знае дека овој зеленчук лесно се расипува и треба да се приготвува веднаш после бербата. Уште еден податок за ова необично растение е дека е бело за разлика од карактеристичната виолетовата боја, и не содржи антоцијанин.
Овие сорти на патлиџани бараат посебна микро клима и посебен квалитет на земјиштето. За размножување подобро е да се користи расад, чие семе е посеано во почетокот на март.
Албино краставиците се поотпорни на жештината
На некои пазари исто така можат да се најдат снежно бели компири, а од неодамна популрни се и белите краставици Нивната главна предност е во тоа што се отпорни на топлина , и раѓаат се додека не се појават првите мразеви. Тие се бели, свежи, крцкави и се користат во разни јадења.
Инаку ова е стара сорта на краставици која датира уште од 1890 година и позната е под името “White Wonder”. Ја викаат уште и албино, долга кратавица, краставица албино и слично. Оваа сорта дава обилни приноси, дури и тогаш кога температурите се над просечните. Расадот се пресадува на отворено тогаш кога ќе помине опасноста од пролетен мраз, а вегетацијата трае 65 дена.
Белиот кромид има пократок рок на траење
Многу луѓе бираат жолт или виолетов кромид поради нежниот вкус, а на пазрот може да се најде и бел кромид. Од него се подготвува карактеристичната француска супа од кромид, а неговите прдности се во тоа што содржи повеќе соединенија како што се железо , витамини и минерали.
Неостаток е тоа што пократко трае од жолтиот и виолетовиот кромид. Помалку е отпорен на болести и послабо расте поради температурните промени. Треба да се напомене дека тој лесно се расипува и почнува да ги губи своите лековити својства штом дојде во допир со воздух. Инаку тој се сади на ист начин како и останатите сорти на кромид.
Белите ротквици имаат нежен вкус
Белите сорти на ротквици исто така добиваат популарност. Поради поблагиот вкус и помалата лутина многу луѓето повеќе ги сакаат од обичните. Округлата бела ротквица е нежна и сочна. Растате на земја богата со хумус и бара многу сончева светлина.

Како и на сите ротквици така и на белите им треба многу влага инаку нема да можат да формираат корен. Се сеат во рана пролет, а добро е површината да се подели на неколку делови кои треба да се сеат и тоа во фази на секои 10-15 дена за да се овозможи подолг период на берење и консумирање.
Извор: Агроклуб
