Се повеќе се зборува за хемиските пестициди и нивната штетност за луѓето и околината. Исто така и Европската комисија планира да го намали нивното користење за 50 % до 2030 година. Бидејќи се укинуваат се поголем број материи во поедини регистрирани средства, производителите мора да најдат алтернативи за да можат и понатаму да одгледуваат различни земјоделски култури за да го хранат светот без штетни влијанија врз луѓето и околината.
Исто ниво на дејство како метил бромодот?
Фабриката MustGrow Biologics започна со производство на еколошки прифатливи пестициди врз база на бел синап. Имено тие тврдат дека нивната технологија не само што е природна и еколошки прифатлива туку и подеднакво е делотворна како и синтетичките пестициди.
„Тоа го докажувавме со години, но ретко кој беше заинтересиран да вложува во земјоделството или пак за фактот дека нашата технологија да ги замени синтетичките хемикалии“ изјавил Corey Giasson, извршен директор на фабриката.
Оваа фабрика започнала да работи во 2008 година во Канада и досега вложила 10 милиони долари и направила 110 испитувања за да докаже дека една состојка од белиот синап е многу ефикасен биопестицид.
И производителите на храна се стремат кон сигурни алтернативи
„Потрошувачите и земјоделците бараат сигурен и одржлив начин за снабдување со храна. Регулаторите укинуваат и забрануваат користење на некои штетни хемикалии па и самите производители се стремат кон сигурни алтернативи. Инвеститорите тоа го гледаат и сваќаат дека биолошките технологии се решение за иднината и гаранција за сигурно снабдување со храна, но треба да се напомене дека многу решенија может да бидат и непродуктивни“ порачуваат од MustGrow Biologica.
Со ваквите нивни производи се оди кон тоа да се пополни празнината во побарувачката бидејќи се повеќе хемикалии кои се наоѓаат во пестицидите се забранети во светот и се поврзуват со болести како што е карциномот. Имено тие велат дека состојките од белиот синап го претвараат во гранули, кои се користат за заштита од штетници и болести, но тоа не е доволно бидејќи потрошувачите бараат повеќе. Така започнале и со производство на на течни формулации за да се олесни транспортот и да се овозможи олесна примена.
Може ли светот да се прехрани без хемиски пестициди?
Често се спомнува дека еколошкото производство на големи површини речиси е невозможно бидејќи шансите за штети од инсекти ,корови и болести се значително поголеми, а исто така и климатските промении порастот на температурите имаат значително влијание во производството на храна. Стручњаците мислат намалувањето на активни состојки и средстава за заштита на растенијата би можело да создаде поголеми проблеми со резистентноста.
Но прашањето кое најчесто се поставува е: Дали светот може да се прехрани без хемиски средстава за заштита на растенијата? Имено решението е во иновациите, истражувањата и барањето на алтернативни решенија, но по прифатлива цена бидејќи еколошките препарати се скапи и често пати се случува земјоделците да неможат да си ги дозволат.
Извор:Агроклуб
