Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
Агровести

Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра

Објавено 26/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во полициска акција што е во тек од рано утрово за измами поврзани со европските земјоделски субвенции, во областите на Солун, Килкис, Сер и Атина, уапсени се 17 лица, кои нелегално се стекнале со над 4,5 милиони евра, информираа од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина.

За 24 часа ова е втора ваква акција на полицијата за разбивање на криминални организации чии членови се вмешани во измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија, како и во давање лажни изјави, откако вчера во делови на островот Крит беа уапсени 22 лица кои нанеле финансиска штета од над три милиони евра. 

Денешната акција ја води Дирекцијата за борба против организиран криминал во северна Грција, а детални информации се најавени по завршувањето.

Во однос на вчерашната операција на Крит, соопштија дека членовите на криминалната организација „професионално и континуирано извршувале тешки облици на измама на штета на финансиските интереси на Европската Унија и националната економија, преку лажни пријави за незаконско добивање земјоделски субвенции“, а освен уапсените 22 лица, во предметот се вклучени и други 116 лица.

Процените се дека од целокупното дејствување на организацијата на Крит, од 2019 до 2024 година, причинетата штета врз интересите на ЕУ и државата изнесува најмалку 2.733.995 евра, без да бидат вклучени податоците за финансиските субвенции добиени во 2025 година.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:39 лицаГрцијаевропскитесубвенции
Претходен напис ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Следен напис Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?