Во време кога трошоците за живот постојано растат, на многумина им е тешко да замислат дека постојат занимања кои се клучни за функционирањето на општеството, а сепак се слабо платени.
Токму таква е ситуацијата во Германија, каде што голем број работници едвај успеваат да ги покријат основните трошоци за живот.
Според податоците што ги објави германскиот портал „wmn.de“, меѓу најниско платените работни места се оние во чистење, земјоделство, угостителството и туризмот, но и во текстилната индустрија и производството на храна.
Иако овие работни места се неопходни за секојдневното функционирање на општеството, нивните приходи честопати не го следат нивното значење.
На самото дно на листата се работните места за чистење, со просечна бруто плата од околу 2.493 евра месечно за работа со полно работно време.
Следат работниците во земјоделството со околу 2.531 евра, додека вработените во туризмот и угостителството заработуваат во просек околу 2.634 евра. Меѓу пониско платените се занимањата во хортикултурата, текстилната и кожарската индустрија, како и работниците во производството на храна.
На листата се наоѓаат и продавачи, работници во завршни градежни работи, како и оние кои работат во преработка на пластика и дрво, додека возачите се на врвот со просек од околу 2.999 евра месечно, што е сепак релативно ниска плата за германски услови.
Причините за ваквите разлики во заработката не се едноставни.
Иако овие занимања се од суштинско значење, тие често се потценети и недоволно вреднувани на пазарот на трудот, и затоа не носат соодветна финансиска компензација.
Како едно од можните решенија се споменува зголемување на минималната плата по час, која моментално изнесува 12,41 евра. Се разгледува и воведување на безусловен основен приход, кој би им обезбедил на сите граѓани одредено ниво на финансиска сигурност, без оглед на вработувањето.
Сепак, експертите истакнуваат дека клучниот проблем е намалената застапеност на колективните договори, во моментов само околу 43 проценти од вработените во Германија работат под такви услови, а тој број се намалува
