Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
Агровести

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук

Објавено 22/05/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата, во рамки на своите законски надлежности согласно Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, изврши увид кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица.

При извршените контроли, Комисијата констатираше повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

-Меѓу утврдените неправилности се:· непостоење на писмени договори за откуп; користење на договори кои не ги содржат задолжителните елементи предвидени со Законот; неусогласеност на договорните одредби со законските обврски, соопшти КЗК.

Комисијата ќе продолжи со активен надзор согласно своите законски надлежности, при што против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.

Воедно, Комисијата апелира до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски и прехранбени производи доследно да ги почитуваат законските одредби, со цел обезбедување фер, транспарентни и рамноправни деловни односи, како и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.

МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:зеленчукКЗКнеправилностиовошјеОткупни центри
Претходен напис Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики
Следен напис Пролетна зелена резидба кај виновата лоза
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?