Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 21.05.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 21.05.2026 година
Агровести

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 21.05.2026 година

Објавено 21/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатата седмица имавме променливо и нестабилно време, сончево и топло, со повремени врнежи од дожд.

Житните култури во овој период имаат сосема доволно влага и се во добра состојба. Есенскиот јачмен во зависнот од локацијата каде е посеан, е во фаза на млечна зрелост. Започнува последната фаза од животниот циклус на житата – зрелост, каде овде се случуваат поголеми квалитативни промени, пред се, во зрното.

Сончогледот како индустриска култура се наоѓа во фаза на никнење, неговата коренова маса има голема продуктивност, со голема моќ на впивање вода од подлабоките почвени слоеви, со тоа што доколку почвата располага со доволно резерва на влага ќе биде корисна во наредните фази на интезивен пораст, кога се потребни повеќе од 40% од вкупните потреби на растението за вода, односно од цветање до физиолошка зрелост.

Со оглед дека синтезата на масло кај сончогледот значително зависи од присуството на доволно количество на почвена влага. Кај виновата лоза доколку има потреба може да се почне со отстранување на страничните ластари (филизи) во почетокот на нивниот раст. Се препорачува нивно отстранување над гроздовите. Ова е и период на интензивно расадување на тутунот, и на градинарски култури на отворено. Овошките во овој период се во интензивен раст, се препорачува да се продолжи со нивна прихрана и третирање против болести и штетници.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

При вакви временски услови земјоделските производители да посветат поголемо внимание на заштита на нивните посеви, можност за појава на болести и штетници, да преземат содветни агротехнички мерки заради постоење на оптимални услови за нивно ширење и развој, уништување на плевели преку плитка обработка на почвата, бидејќи нивната појава може значително да го намали приносот и квалитетот.

Предупредување: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува под отворен простор. Да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6°C до 15°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 19°C до 30°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделските културипрогнозаСостојба
Претходен напис По три децении повторно на Пелистер се уредува патот од Инфо Центар до Ловечка Куќа
Следен напис Народна банка: Во април годишен раст од 9,3 отсто на вкупните депозити и од 13,3 проценти на вкупната кредитна поддршка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?