Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски
Агровести

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски

Објавено 19/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје-Штип, апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од Депонијата е најинтензивен.

Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните  напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација која врши насипување со земја и целосно санирање на запалените површини за да се спречи натамошно ширење на пожарот.

Во препораките издадени од градоначалникот Почивалец, меѓу другото, се наведува и да се следат известувањата и препораките од надлежните институции преку радио, телевизија, интернет портали и мобилни апликации, да се почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување доколку тоа биде побарано од надлежните служби, прозорците и вратите во домовите и работните простории да се држат затворени, да се исклучат клима уредите и системите за вентилација кои внесуваат надворешен воздух.

На граѓаните им се препорачува да престојуваат во затворени простории со што помалку отвори кон надвор, да не се приближува и да не се воспоставува контакт со отпад или предмети од погоденото подрачје сè до добивање официјална дозвола од надлежните служби, да се користат заштитни маски што филтрираат честички, при што најдобра заштита обезбедуваат маски од типот FFP2, FFP3 или N95. Уште се препорачува и да се избегнуваат спортски, рекреативни и други активности на отворено, да не се дозволува престој на деца на отворено, особено во дворовите на градинките и училиштата, а посебна заштита да се обезбеди за ранливите категории граѓани – децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања, кои треба да останат во најзаштитените простории.

 Доколку се појават симптоми како отежнато дишење, кашлица, печење во очите, вртоглавица или други здравствени тегоби, веднаш да се побара медицинска помош, а на работодовачите, според можностите, им се препорачува да овозможат ослободување од работа или работа од дома за ризичните категории вработени.

Се додава дека Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот. Оттаму апелираат на смиреност, одговорност и почитување на препораките, со цел заеднички да го заштити здравјето на граѓаните.

Општина Радовиш

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:депонијатазаштитни маскиотворенопожарРадовиш
Претходен напис МАСИТ на средба со амбасадорката на Грција го најави првиот ИКТ Бизнис Форум „Digital Bridge & Business ICT Forum 2026“
Следен напис АПРЗ во Битола одржа Национална работилница за обука „Зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени во земјоделството“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?