Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицкоски на самитот на „Македонија 2025“: Поврзување на државата за поголем економски раст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицкоски на самитот на „Македонија 2025“: Поврзување на државата за поголем економски раст
Агровести

Мицкоски на самитот на „Македонија 2025“: Поврзување на државата за поголем економски раст

Објавено 12/05/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поврзувањето е единствената равенка за поголем економски раст – порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.

– Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето која е предноста на државата – единствената компаративна предност што ние ја имаме со конкуренцијата во регионот и во Европа е тоа што сме место на поврзување на два важни европски коридори – Коридорот 10 и Коридорот 8, односно како да се поврзат северна со јужна Европа, односно централна Европа со Медитеранот преку Егејското Море, и Јадранското и Јонското со Црното Море преку Коридорот 8. Сè друго, ако го мериме како компаративна предност, можете да го најдете кај која било конкуренција во регионот или во Европа. Ако тоа го направиме, тогаш можеме да развиваме сè. Тоа не сме го направиле – рече Мицкоски.

Презентирајќи ги активностите за изградба на автопатите, железницата, енергетското и гасното поврзување, истакна дека завршувањето на овие проекти ќе биде прв приоритет на Владата. Нашата цел, е најголемиот дел од овие делници да ги завршиме во рамките на мандатот на Владата, рече Мицкоски. 

Мицкоски оцени дека првите два месеци од годината во економијата почнаа добро, но оти потоа избувна конфликтот на Блискиот Исток, кој влијае врз политиката и економијата. За разлика од другите држави, посочи, влеговме во решавање на проблемот и прилично успешно се справуваме со состојбите и покрај тоа што имавме исклучително големи фискални откажувања, кои на прв поглед може да се очекува да влијаат на буџетот, но принципот економија на обем, кој го применивме, покажува дека до овој момент не само што не ги почувствуваме туку и ги надминаа нашите очекувања во услови на криза. Тоа значи зголемена потрошувачка на бензините и дизелот, што влијае со прилив во буџетот, и имаме најниски цени на горивата во регонот – рече премиерот Мицкоски. 

Тој истакна дека има зголемување кај БДП во изминатите две години посочувајќи дека тоа не е доволно, но оти треба да имаме големи цели, а истовремено и да се споредуваме со реалноста. 

– Имаме шест квартали по ред со над 3,5 проценти реален раст. Годинава, според Меѓународниот монетарен фонд, ќе дојдеме до номинален БДП од 22 милијарди долари и ако се направи разлика помеѓу тоа што ќе го завршиме годинава и тоа што го почнавме во 2025 година, трипати повеќе е зголемен номиналниот БДП за две години отколку во периодт 2018 – 2023.  Тоа не е доволно и треба побргу, но во услови кога нашиот најголем трговски партнер има 2,5 пати помал раст на БДП и потрошувачка, логично е тоа да влијае и кај нас. Мораме да споредуваме споредливи работи. Треба да имаме големи цели, но истовремено и да се споредуваме со реалноста – рече Мицкоски.

Во однос на иднинатата на странските инвестиции, оцени дека со постојните и со најавените го исцрпуваме човечкиот капацитет и поради тоа, посочи, треба да се насочуваме кон други инвестиции, регионални проекти, што ќе нè обединуваат преку вештачката интелигенција. 

Извршната директорка на „Македонија 2025“, Никица Мојсоска-Блажевска, на отворањето на самитот посочи дека од 2025 година нашиот економски раст е највисок од земјите во регионот, како и дека неодамнешниот извештај на Светската банка покажа оти Македонија е единствена земја во регионот во која во 2025 година има раст на отпорноста и конкурентноста.

– Македонија е единствена земја во регионот со нагорно приспособување на квалитетот на странските директни инвестиции, односно премин кон повисоки технологии. Македонија е единствена земја во регионот со фискална консолидација во 2025 година. Македонија е помалку погодена од политиката на ЕУ за таканаречената јаглеродна такса од земјите во окружувањето затоа што користи понапредни, односно компаниите користат понапредни технологии. Инвестициската активност како процент и учество од бруто-домашниот производ во Македонија е највисока во регионот заедно со Босна. Македонија постојано напредува во дигиталната индустрија – рече Мојсоска-Блажевски. 

Сепак, потенцира, пред нас има многу предизвици и како да стигнеме до посакуваната стапка на економски раст од најмалку 5 проценти. Прашањето, рече таа, не е дали Македонија има потенцијал, туку како тој потенцијал да го претвориме во резултати, и тоа континуирани. – Тоа бара повеќе од добри намери и желби. Бара фокус, дисциплина, институционален континуитет, лидерство, партнерство, тежок отпор, порача извршната директорка на „Македонија 2025“ истакнувајќи го значењето на Националната развојна стратегија 2024 – 2044 година, реформската агенда 2024 – 2027 – стратешки развојни документи за кои постои национално обединување и континуитет од претходната кон новата Влада во реализацијата. 

Мојсоска-Блажевски посочи дека Владата има огромна одговорност, но оти не е единствениот носител на промени. – Растот е задача на институциите, но и на компаниите, на образованието, но и на семејствата, на политичарите, но и на граѓаните, на дијаспората, но и на секој  што живее во Македонија и на секој што е во оваа сала денес. Ако сакаме Македонија да оди напред, секој од нас мора да ја направи својата работа подобро. Институциите мора да бидат поефикасни, компаниите да бидат похрабри и поконкурентни, работниците да имаат пристап до нови вештини, меѓутоа и волја да се усовршуваат, универзитетите да создаваат знаење релевантно за иднината, граѓаните да бараат отчетност, меѓутоа исто така да не живеат по правила по кои очекуваме другите да живеат, а ние да ги прекршуваме – порача Мојсоска-Блажевска.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:државатаекономски растМакедонија 2025Мицкоски
Претходен напис Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗНХ
Следен напис Македонско-албански бизнис-форум: Подобро поврзување и укинување на царините за зголемување на трговијата и размената
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?