Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Официјално отворање на шестатата еко-акција Генералка викенд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Официјално отворање на шестатата еко-акција Генералка викенд
Агровести

Официјално отворање на шестатата еко-акција Генералка викенд

Објавено 08/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Еко-акција Генералка викенд денеска официјално ќе биде отворена со прес-конференција позади Владата покрај кејот на реката Вардар.

Како што се наведува во соопштението на организаторите денеска, утре и задутре по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд.

Додаваат дека рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании.

На средбата со медиумите, се додава во соопштението, ќе присуствуваат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Скопјe и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски амбасадорот на Австрија, Мартин Памер и министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа.

-Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Генералка викенд прерасна во национална годишна  традиција која докажува дека грижата за татковината може да обедини луѓе од различни, општествени, културни и јавни средини, се вели во соопштението.

Акцијата ќе се спроведува трите дена истовремено на повеќе од 500 локации, во 80 општини низ целата земја. Овие еко акции се организирани и координирани од општините во соработка со Црвениот крст.

Официјалниот настан за отворањето денеска ќе го води Град Скопје со чистење на кејот на реката Вардар. Еко акцијата е организирана и поделена во осум тимови, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со Комунална хигиена и Паркови и зеленило ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

Помеѓу многуте активности, се спроведуваат и посебни акции како што се чистење на дивите сметилишта во Националниот парк Шар Планина, предводени од 20 припадници на Вооружените сили на Р.С. Македонија, чувари на Националниот парк, експертски тим на австриската компанија за управување со отпад Саубермахер и локалното население. Предвидена е и еко акција во Охрид (Конгресен центар), за заштита на крајбрежјето, во соработка со студенти и професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Општина Охрид, клубовите Сороптимист Мома Охрид и Сороптимист Вадуц како дел од најстарата и најголема светска женска организација Сороптимист Интернешнл и со поддршка на Саубермахер.

Покрај сите активности за чистење на терен, преку соработката меѓу Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ, еко-образовната програма „Еко час“ се спроведува во училиштата низ целата земја и во соработка со Генералка викенд.

Еко акцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја.

-Успехот е резултат на долгогодишно партнерство помеѓу ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД и официјалните партнери: Пивара Скопје, Пакомак, Нула Отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Саубермахер, КАЗ Груп и Шпаркасе Банка. Нивниот придонес и заедничките заложби за почиста татковина и правилно управување со отпадот ја движат еко акцијата напред. Организации како ЗЕЛС, Црвениот крст, со институционална поддршка од многу министерства, УНИЦЕФ, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и Вооружените сили на Р.С. Македонија, стотици невладини организации и општините ја пренесуваат пораката гласно и јасно: Подготвени сме да го рециклираме отпадот од минатото за зелена иднина! Максимата на иницијативата останува иста: “Да се извалкаме и да исчистиме!“ – се додава во соопштението. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Генералка викендеко-акцијаОфицијално отворање
Претходен напис Делови од Бутел, Радишани и Кучевишка Бара без вода, дел од Раштак без струја
Следен напис Азески и Гицулика на разговори за квалитетот на виското образование
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?