Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без водоснабдување или да имаат намален притисок на вода, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Можниот прекин е поради изведување технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, кои ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување.
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе бидат дел од корисниците од село Раштак, известуваат од ЕВН Македонија АД.
Прекиното ќе трае од 08.00 до 15.00 часот.
МИА
