Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ: Во 2025 година раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ: Во 2025 година раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори
Агровести

РКЕ: Во 2025 година раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори

Објавено 07/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Раст од 11,43 проценти на производството на електрична енергија од обновливи извори е регистриран во 2025 година во споредба со 2024 година, додека вкупното производство изнесува 6.123 гига ват часови и е практично на исто ниво – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година што денеска пред новинарите го презентираше новиот претседател на РКЕ Ацо Ристов.

Најголем пораст на производството од обновливи извори (ОИ) од 32,5 отсто, како што кажа, има кај ветерните електроцентрали, додека за прв пат производството на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали го надмина производството од комбинирани централи.

Во 2025 година РКЕ измени седум лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со кои се додадоа складишта во склоп на истите со вкупна инсталирана моќност од 7,1 мегавати.

-Воведувањето на батериите за складирање на енергија во пракса значи забрзана енергетска транзиција. Складирањето на енергијата во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат е директна придобивка, но ќе влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот од аспект на поефикасно управување и користење на системските услуги – изјави Ристов.

Во 2025 година, додаде, издадени се вкупно 236 лиценци од областа на електрична енергија, од кои најголем дел се за производство од ОИ. Континуираните инвестиции во капацитети за производство од ОИ го зголемија учеството на 58,22 проценти во вкупниот инсталиран капацитет во земјата.

Зголемената конкуренција на пазарот со активни 21 снабдувач, како што каѓа, донесе подобри услови за потрошувачите. На берзата на електрична енергија се регистрирани 40 компании и истргувани 1.371 гига ват часови електрична енергија, што претставува раст од 41 проценти во споредба со претходната година.

Во извештајот се нотира забрзување на активностите за поефикасна интеграција на домашниот пазар со регионалните пазари на електрична енергија. Назначувањето на НЕМО за номиниран оператор на пазар на електрична енергија, одлуката на Агенцијата за соработка на енергетските регулатори (ACER) за приклучување на македонската зона на наддавање кон регионот за пресметка на капацитети на Југоисточна Европа, како и изработката на Планот за интеграција на работата на споените пазари се дел од активностите за спојување на пазарите.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:електрична енергијаобновливи изворипроизводствотоРке
Претходен напис Трошоците на животот во април на годишно ниво зголемени за 5.7 %, а цените на мало за 5.0 %
Следен напис Започна пријавувањето штети од голомразица во Делчево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?