Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто
Агровести

Народната банка: Годинава инфлација од 4 отсто и раст на БДП од 3,5 отсто

Објавено 07/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3 %, а растото на БДП ќе достигне 3,8 %. 

Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај.

Во извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4 % во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, кој би се свел на 3,1 % во 2026 година, а светската инфлација е нагорно ревидирана. Главниот извор на неизвесност и натаму се геополитичките конфликти, особено ескалирањето на состојбата на Блискиот Исток, што значително влијае врз цените на примарните производи и трговските текови. Засега, според основните сценарија на меѓународните институции, се претпоставува брзо завршување на конфликтот, односно не се очекува дестабилизирање на инфлациските очекувања, ниту поголемо затегнување на светските финансиски услови.

Во однос на домашната економија, најновите макроекономски проекции исто така се потпираат на умерено сценарио, според кое се очекува побрзо завршување на конфликтот, нормализирање на снабдувањето со нафта и постепено намалување на цените во втората половина од годината. Според овие проекции, се очекува дека инфлацијата ќе изнесува околу 4 % во 2026 година, при што стабилизирањето ќе биде побавно во услови на повисоки цени на енергентите и храната. Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на речиси 3 % во 2027 година и нејзино враќање кон историскиот просек од 2 % на среден рок под влијание на закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка – се вели во соопштението од Народната банка.

Во вакви услови проекциите за домашната економија упатуваат на умерено, но стабилно економско закрепнување. Се очекува раст на БДП од 3,5 % во 2026 година и негово забрзување достигнувајќи 3,8 % во 2027 година. Притоа главен двигател и натаму ќе бидат инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка.

Надворешната позиција на економијата се оценува како понеповолна на краток рок. Се очекува дека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува околу 5,7 % од БДП во 2026 година под влијание на повисокиот увоз на енергенти и инвестициските активности. На среден рок се очекува негово постепено намалување при стабилни финансиски приливи, кои ќе обезбедат финансирање на дефицитот и натамошен раст на девизните резерви.

Банкарскиот систем и натаму обезбедува солидна поддршка за економијата. Во првиот квартал од 2026 година кредитната активност бележи годишен раст од 13,1 % при очекувања за умерено забавување до крајот на годината. Депозитната база и натаму расте солидно, што укажува на стабилна доверба и поволни услови за штедење. На среден рок, 2027 – 2028 година, се очекува просечен раст на кредитите од речиси 7,4 % при раст на депозитната база и во услови на стабилен и солиден банкарски систем.

Народната банка ја задржува внимателната поставеност на монетарната политика во услови на зголемена светска неизвесност и променливо надворешно окружување. Ризиците и натаму се претежно надолни и се поврзани со геополитичките случувања и движењата на цените на примарните производи. Народната банка нагласува дека и во иднина ќе биде подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:4 отстоБДПинфлацијаНародната банка
Претходен напис Сали: Инвестицијата во знаење и иновации е инвестиција во европската иднина
Следен напис Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?