Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Најавени дождови во период на цветање – зголемен ризик од фузариум кај пченицата!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Најавени дождови во период на цветање – зголемен ризик од фузариум кај пченицата!
Совети

Најавени дождови во период на цветање – зголемен ризик од фузариум кај пченицата!

Објавено 07/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фузариозата на клас кај пченицата, предизвикана од габи од родот Fusarium, претставува едно од економски најзначајните заболувања во современото производство на жита. Нејзината специфичност е во тоа што не го намалува само приносот, туку директно го нарушува и квалитетот на зрното, што ја прави критична и од агрономски и од економски аспект.

Најголем ризик од појава на инфекција се јавува во фазата на цветање, кога класот е најосетлив. Во оваа фаза, при услови на температури над 20°C, зголемена влажност и чести врнежи, се создаваат идеални услови за инфекција и брзо ширење на патогенот. Токму тогаш доаѓа до најголемите економски штети, бидејќи инфекцијата директно се остварува преку цветните делови на растението.

Во пракса, фузариозата може да предизвика намалување на приносот и до 50%, особено кај чувствителни сорти и во години со поволни климатски услови за развој на болеста. Покрај квантитетот, значително страда и квалитетот: се јавуваат недоволно исполнети зрна, намалена хектолитарска тежина и влошени технолошки карактеристики на пченицата.

Дополнително, еден од најсериозните аспекти е појавата на микотоксини во заразеното зрно, што директно ја доведува во прашање неговата безбедност за исхрана на луѓето и животните.

Управувањето со оваа болест не се базира на една мерка, туку на интегриран пристап. Превенцијата започнува со правилен плодоред, управување со растителните остатоци и избор на квалитетен семенски материјал. Сепак, клучниот момент останува фазата на цветање, кога посевот мора внимателно да се следи, особено во услови на најавени врнежи и висока влажност.

Во вакви ситуации, навремената фунгицидна заштита во почетокот на цветањето е клучна мерка. Нејзината цел е превентивно да се намали ризикот од инфекција, бидејќи откако болеста ќе се развие во класот, штетите веќе се неповратни.

Затоа, фузариозата јасно ја потврдува врската помеѓу климатските услови, агротехничките одлуки и економскиот резултат. Во производство на пченица, фазата на цветање не е само биолошка фаза – таа е важен економски пресврт во целата вегетација.

Автор:
Моника Павловска
Дипл. Земјоделски инженер- Агроекономист

Може да ви се допадне

Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Таг:Најавени дождовипченицатаризикфузариумцветање
Претходен напис Најстудено во Берово, а најтопло во Демир Капија, Скопје и Тетово
Следен напис Димитриеска Кочоска – Каменицки: Словачка ќе го сподели искуството со Македонија во спроведување на реформите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?