Поради изведување технички зафати утре од 05:00 часот, па до нивното завршување, без водоснабдување или со намален притисок на вода можено е да останат делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара, во Општина Бутел.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради изведување на технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН.
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан Мијалковиќ“ и дел од улица „Кавалска“, во Општина Кисела Вода.
Во Општина Студеничани, од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе биде цело село Морани и викенд населба Морани.
МИА
