Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика
Агровести

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

Објавено 06/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, информираат од НБ.

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

-И покрај неизвесното и променливо надворешно окружување, домашната економија останува релативно отпорна. Народната банка води претпазлива монетарна политика, фокусирана на натамошно намалување на инфлацијата и стабилизирање на инфлациските очекувања, при истовремено одржување стабилен девизен курс – истакнал Величковски.

Тој посочил дека монетарната политика има клучна улога во справувањето со инфлациските притисоци, особено во услови на продолжени глобални шокови на страната на понудата, при што Народната банка внимателно ги следи сите движења и е подготвена да реагира соодветно за зачувување на стабилноста.

Во обраќањето било нагласено дека девизните резерви се одржуваат на соодветно ниво, согласно меѓународните стандарди, што обезбедува силна заштита од потенцијални надворешни шокови. Воедно, банкарскиот систем останува стабилен, ликвиден и добро капитализиран, со дополнително зајакнати макропрудентни мерки поради засилената кредитна активност.

Величковски се осврнал и на новата оперативна рамка на монетарната политика воведена во декември 2025 година, којашто има за цел да го подобри преносот на сигналите од основната каматна стапка и да ја зголеми ефикасноста на монетарната политика.

Во контекст на европската интеграција, било истакнато дека приклучувањето кон СЕПА претставува значаен чекор за финансиската интеграција и усогласувањето со европските стандарди, при што Народната банка продолжува со активностите за унапредување на платежната инфраструктура преку спроведување на регионалниот проект за инстант плаќања заснован врз клонот на ТИПС.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Европските институциимонетарната политиканародна банка
Претходен напис Цените на бензинот во САД на највисоко ниво во изминатите речиси четири години
Следен напис „Генералка викенд“ на 8, 9 и 10 мај – десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и над 250 државни институции
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?