Од утре следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе биде од три до 10 степени Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 степени.
Во наредните денови времето наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Метеоролозите најавуваат дека повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок.
МИА
