Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Штети од измрзнување на растенијата и до 100 % во Росоман, Преспанскиот, Тиквешкиот, Штипскиот регион…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Штети од измрзнување на растенијата и до 100 % во Росоман, Преспанскиот, Тиквешкиот, Штипскиот регион…
Агровести

Штети од измрзнување на растенијата и до 100 % во Росоман, Преспанскиот, Тиквешкиот, Штипскиот регион…

Објавено 02/05/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во општина Росоман. Оваа информација ја потврди попладнево за МИА, росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски.

– Точно е, има дел зафатено, особено ниските делови на територијата на општината. Ќе ја следиме ситуацијата. Првично, има поголеми штети кај лозови и овошни насади, во долните реони. Во меѓувреме, ја следиме ситуацијата. Во контакт сме сите, со советниците во Советот на Општината и претседателот, претседателот на комисијата за земјоделство. Ги известив и министерот и Министерството за земјоделство. Доколку се утврди дека има поголеми штети, на лице место, во понеделник ќе се свика општинската комисија за земјоделство и доколку има потреба, најбрзо што може ќе се формира комисија за проценка на штети на терен – појасни градоначалникот.

Крстевски истакна дека не памети ова да се случило досега, штети кај виновите лози и овошките од ниски температури во месец мај. 

И градоначалникот на Делчево информира дека ја следат состојбата директно на терен.

Во Преспанскиот регион, поточно селата под Галичица, Евла, Болно, Горно Дупени се зафатени од пролетен мраз. Јаболката, сливите, црешите, крушите и дуњите се многу оштетени, а оревите се 100% – информира Пере Транталовски за Агротим.

Земјоделци јавуваат за штети во Тиквешијата и Штипскиот регион.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:измрзнувањерастенијаштета
Претходен напис (ВИДЕО) Традиционално охридско макало – рецепт
Следен напис Понеделничкото утро 4 Мај 2026 повторно ни носи мразеви, температурата ќе се спушти до – 5 степени!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?