Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анализа „Ефикасност на јавната потрошувачка“: промени за поголема ефикасност на капиталните расходи и субвенциите во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анализа „Ефикасност на јавната потрошувачка“: промени за поголема ефикасност на капиталните расходи и субвенциите во земјоделството
Агровести

Анализа „Ефикасност на јавната потрошувачка“: промени за поголема ефикасност на капиталните расходи и субвенциите во земјоделството

Објавено 30/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се промени структурата на капиталните расходи и да се работи на обуки за подобрување на капацитетот на администрацијата за нивна реализација, да се направат промени кај системот за субвенциите во земјоделството, администрацијата да се оспособи за механизмот на јавно-приватното партнерство.

Тоа се дел од препораките изнесени денеска на презентацијата „Ефикасност на јавната потрошувачка (Капитални расходи и земјоделски субвенции)“ во рамките на стручната расправа „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на Фискалниот совет. 

– Генерално, Македонија има ниски нестабилни фискални мултипликатори, што значи манифестираме релативно слаба ефикасност, особено кај одделна категорија јавна потрошувачка, при што особено загрижуваат состојбите во капиталните расходи – рече на презентацијата академик Таки Фити.

Фити посочи дека структурата на капиталните расходи кај нас „е малку невообичаена“ и содржи, меѓу другото, и непродуктивни категории, како згради, мебел, автомобили, итн., како и дека е слаб капацитетот на јавната администрација на централно и на локално ниво за реализација на капиталните расходи.

Клучен проблем, посочи тој, е што честопати имаме неквалитетни физибилити-студии, сериозни грешки во проектирањето кај трасите за патната инфраструктура, има состојби и кај имотноправните односи, имаме и висока увозна зависност. Добар дел од импутите од влезовите за реализација на јавните инвестиции доаѓат од странство, што значи дека и самите завршуваат во странство наместо да се ефектуираат дома. Имаме честопати нетранспарентност, нагласена коруптивна активност. Ваквите резултати, вели Фити, воопшто не се аргумент дека треба да ги намалуваме капиталните инвестиции, напротив, потенцира, нивното релативно учество во буџетот треба да се зголемува со тек на време бидејќи во основа тие се позитивно поврзани со економскиот раст доколку се добро структуирани и доколку се имплементираат ефикасно.  

Посочувајќи дека субвенциите во земјоделството апсорбираат многу високи буџетски средства, кои се мерат во милиони евра, рече дека анализата покажува оти тие големи милиони покажуваат слаби незначајни ефекти кај растителното производство.

– И без овие показатели знаеме дека нашето земјоделско производство се намалува, а увозот постојано расте, што значи нешто не е во ред со системот. Нивните ефекти, пак, врз БДП се позитивни, не се многу високи вредностите, под еден се, но се позитивни. Квалитативната анализа покажува дека добар дел од тие субвенции не се користи секогаш во земјоделството и се прелева во личната потрошувачка на оние што ги добиваат. Резултатите од субвенците се слаби затоа што имаме апсурден систем, даваме субвенции на засеани поврзишни и тоа го нема никаде во светот. Не се дава на засеани површини, туку на аутпутот. Науката одамна укажува на овие апсурди, но недоамна го слушав и министерот за земјоделство, кој кажува дека тука имаме сериозни проблеми и оти треба системот да се менува. Треба да се истражи и каде завршуваат субвенциите – рече Фити. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ефикасностземјоделствотојавната потрошувачкарасходисубвенциите
Претходен напис Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 30.04.2026 година
Следен напис Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?