Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска банка: Раст од 2,9 проценти на македонската економија годинава, 3 проценти во 2027 и 2028
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска банка: Раст од 2,9 проценти на македонската економија годинава, 3 проценти во 2027 и 2028
Агровести

Светска банка: Раст од 2,9 проценти на македонската економија годинава, 3 проценти во 2027 и 2028

Објавено 29/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Светска банка прогнозира раст на македонската економија од 2,9 проценти за годинава, износ што е за 0,1 проценти понизок од претходната проекција, како и од 3 проценти во 2027 и 2028 година. 

Во денеска објавениот  извештај на Групацијата Светска банка оценува дека економскиот раст на Западен Балкан се очекува да продолжи да забавувава во 2026 и 2027 година, како последица од конфликтот на Блискиот Исток, постојаната инфлација и зголемената неизвесност. Укажува дека за да се одржи моментумот на реформи во регионот кој се соочува со растечки недостиг на работна сила, зголемувањето на активноста на работната сила ќе биде од суштинско значење.

Редовниот економски извештај за Западен Балкан предвидува дека регионалниот економски раст на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија ќе достигне 2,8 проценти во просек во 2026 година, што е за 0,3 процентни поени под претходните проекции. Се очекува растот умерено да се зголеми на 3,2 проценти во 2027 година.

– Глобалната неизвесност и геополитичките тензии го попречуваат растот во Западен Балкан, а растечките цени директно ги погодуваат паричниците на луѓето –  вели Шиаочинг Ју, директорка при Светска банка за земјите од Западен Балкан.

Додека носителите на политиките користат краткорочни фискални мерки за да го ублажат влијанието на овие притисоци врз домаќинствата и фирмите, истакнува таа, нашиот извештај покажува дека клучот за долгорочен економски напредок се работните места.

– Регионот на Западен Балкан има голем број неискористен потенцијал – жени, млади луѓе и други кои сакаат да работат, но се соочуваат со реални пречки на пазарот на труд. Нивното вклучување во работната сила е еден од најефикасните чекори што регионот може да ги преземе за да ја зајакне економијата – вели Ју. 

Според извештајот, населението на Западен Балкан старее побрзо од речиси секое друго место во Европа. Во текот на следната деценија, најмалку едно од пет лица во регионот се очекува да биде над 65 години. Во меѓувреме, луѓето во работоспособна возраст, вклучувајќи ги и дипломираните студенти и физичките работници, бараат подобри плати и перспективи во странство. Парадоксот е што недостига работна сила во клучните сектори, дури и кога многу луѓе остануваат без работа или едноставно се откажале од барањето на работа.

Извештајот укажува на недоволно искористен човечки капитал: жени, млади луѓе и други кои сакаат да работат, но се соочуваат со пречки за влез на пазарот на трудот. Доколку стапките на учество на работната сила во регионот се совпаднат со оние во споредливи земји од Европската Унија, тоа би значело повеќе од 2,8 милиони дополнителни работници достапни за намалување на недостигот на работна сила. Само вработувањето на повеќе жени би можело да додаде околу 0,35 процентни поени на годишниот раст.

Извештајот повикува на тоа работата да стане попривлечна опција – почнувајќи со правилата за даноци и бенефиции кои, во многу случаи, сè уште го прават останувањето дома финансиски побезбеден избор. На пример, во повеќето земји од Западен Балкан, пријавувањето на каков било приход од работа веднаш ги дисквалификува поединците од бенефиции насочени кон сиромаштијата, правејќи го вработувањето финансиски ризик, а не награда. Исто така, ја истакнува потребата од прифатлива грижа за деца и стари лица, подобра обука за работа и работни места кои нудат вистинска флексибилност и пристојни услови, вклучително и за работниците на онлајн платформи.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:македонската економијасветска банка
Претходен напис Продажните цени на индустриските производи во март зголемени за 0,5 проценти на месечно ниво, за 4,4 проценти на годишно
Следен напис Поставени нови инфо табли за Националниот парк „Пелистер“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?