Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки
Агровести

Азески: Очекуваме продлабочување на кризата, ако има потреба ќе побараме таргетирани мерки

Објавено 27/04/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола.

Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат согласно развојот на ситуацијата.

-Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни гранки на стопанството без кои македонската економија не може да функционира, таргетирани мерки треба да бидат поставени. А за она што значи за граѓаните, тоа си е обврска на Владата и тука не се мешаме, дециден е Азески.

Негов став е дека во однос на мерките извозниците треба да имаат приоритет.

-Очекуваме продлабочување на кризата со оглед на информациите што ги слушаме секојдневно и кои можат да ја докомплицираат ситуацијата. Но, мислам дека имаме капацитет засега, заедно со Владата, да ја контролираме состојбата извесен период, а потоа, нормално, треба да се преземаат акции на повисоко ниво што ќе значат опстанок на економијата, нагласи Азески, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на грантот од 500.000 евра за УГД – Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании.

Според него, ситуацијата сериозно се следи, а бизнисот е подготвен на секакви сценарија.

-Ние сме подготвени на секакви сценарија од 2008 година, бидејќи кризите не се завршени од тогаш. Компаниите се во постојана ситуација на напнатост и на тешка предвидливост што е најголемиот непријател за водење бизнис, особено во комплицирана состојба како сега, во моментот на геополитички преструктуирања кои влијаат и на континентот во кој живееме – во Европа, и на регионот во кој се наоѓаме, напомена Азески.

Тој укажа и дека војната во Украина која се уште не е завршена, има влијание врз работата на компаниите, особено ако се земе предвид дека 70 отсто од нив се ориентирани кон европските пазари.

-Ситуацијата е цело време многу сериозно следена, анализирана од наша страна. Предлагани се мерки, соработката со Владата е секојдневна. И понатаму очекуваме продлабочување на кризата. Разработени се и разгледани сите можни сценарија што може да настанат. Сериозни фирми членуваат во Комората и затоа, како асоцијација, имаме обврска да ја предвидиме состојбата во која се наоѓаме. Можам да кажам дека се можни такви развои на нештата, меѓутоа ќе се направи сè до нив да не дојде. Нашите можности да влијаеме се многу мали. Да, ќе побараме секогаш мерки кога се потребни. Да, тие мерки ќе бидат таргетирани, зашто мерките што општо важат и кои се приоритети на Комората остануваат, а тоа се: сериозна борба со корупцијата и сивата економија, брза гасификација на Македонија и директна поддршка за извозните компании. Тоа останува врвен приоритет за работа на Комората, потенцира Азески.

Објасни и дека сме дел од најпребирливите пазари како европскиот, каде што увезуваат и извезуваат сите во светот.

-Тоа значи дека мора да имаш квалитатив за да можеш да ги продадеш своите производи. А за да ги продадеш, треба да бидат конкурентни. За да бидат конкурентни, мора да бидат во согласност со политиките на државата од кои нема да имаат непредвидени трошоци. Сето тоа е врзано едно за друго. Ние сакаме таа поддршка да биде директно изразена од страна на Владата, сакаме тие да добијат апсолутен приоритет зашто без извозот, мала земја како нашата нема никакви шанси да опстане и да продаде производи. И трето што е најбитно, бараме да имаме таква ориентација за да се проверуваме и да ги следиме светските трендови. Без продажба надвор од рамките на државата, немаш потреба да градиш стандарди и конкурентност, а без тоа не можеш да продадеш производ надвор, рече претседателот на Комората.

Македонските компании кои се постојано присутни во Стопанската комора, додаде Азески, веројатно претчувствуваат дека може да дојде до некакво непредвидливо сценарио.

-Мислам дека долго трупаните проблеми со кризите во Европа и во светот од 2008 година навака ќе ја зголемуваат инфлацијата и тоа сигурно ќе влијае во работењето на сите. Но, нормално, тоа ќе биде прв приоритет за таа борба што мора да се добие, бидејќи без добивање на таа борба нашите стоки ќе станат беззначајни, нагласи Азески. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескитаргетирани мерки
Претходен напис Стефан Таневски добитник на Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година на Народната банка
Следен напис Прихрана на виновата лоза во текот на вегетацискиот период
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?