Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Светска метеоролошка организација: Ел Нињо се враќа во мај
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Светска метеоролошка организација: Ел Нињо се враќа во мај
Агровести

Светска метеоролошка организација: Ел Нињо се враќа во мај

Објавено 24/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Враќањето на климатскиот феномен Ел Нињо се очекува веќе од мај оваа година, што потенцијално може да влијае на глобалните температури и обрасците на врнежи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (ВМО).

Според податоците на ВМО, Ел Нињо е периодично загревање на температурата на површината на морето во централниот и источниот Тихи Океан кое обично трае помеѓу девет и дванаесет месеци.

Јасна промена е забележана во екваторијалниот Пацифик со нагло зголемување на температурата на површината на морето, што укажува на голема веројатност за Ел Нињо помеѓу мај и јули оваа година.

– По периодот на неутрални услови на почетокот на годината, климатските модели сега се силно усогласени и се гледа почетокот на Ел Нињо, по што следува натамошно зајакнување во текот на наредните месеци – изјави Вилфран Муфума Окија, шеф за климатски прогнози во ВМО.

Иако моделите укажуваат на потенцијално силен Ел Нињо оваа година, ВМО додава дека прогнозите направени во текот на пролетта обично се помалку сигурни и дека поголема сигурност во предвидувањата ќе биде можна по април.

Овој образец е познат по тоа што ги нарушува регионалните клими, потенцијално носејќи засилени врнежи во јужниот дел на Јужна Америка, јужните делови на САД, делови од Рогот на Африка и централна Азија, додека истовремено може да предизвика суши во Австралија, Индонезија и одредени делови на јужна Азија, според наводите на ВМО.

МИА

Може да ви се допадне

Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Таг:Ел НињомајСветска метеоролошка организација
Претходен напис Вицегувернерката Митреска: Народната банка ја зајакнува поддршката за жените во економијата и претприемаштвото
Следен напис Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?