Во периодот од почетокот на годинава заклучно со месец мај, статистичките податоци покажуваат зголемен извоз особено на македонските градинарски производи и на овошјето.
Годинава се извезни над 1,6 милиони килограми пиперки во вредност од 1,5 милиони евра, што е повеќе од лани, кога се извезле 1,3 милиони килограми пиперки во вредност од над 1,3 милиони евра.

Во истиот период, оваа година, зголемена е вредноста на извозот на јаболка. За разлика од минатата година кога вредноста на извозот на јаболка била околу 9,9 милиони евра, годинава за истиот период извозот бележи раст за скоро три милиони евра и истиот изнесува близу 13 милиони евра.
И во овие услови на глобална пандемија, земјоделските производи се извезуваат на странските пазари и континуирано го потврдуваат квалитетот на домашното производство.
