Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска на Делфи економскиот форум: Поврзаноста е важно прашање за енергетската безбедност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска на Делфи економскиот форум: Поврзаноста е важно прашање за енергетската безбедност
Агровести

Божиновска на Делфи економскиот форум: Поврзаноста е важно прашање за енергетската безбедност

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Енергетската безбедност е многу важно прашање, никоја земја не треба да биде сама, потребна ни е поврзаност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска за време на нејзиното учество на панел-дискусија посветена на енергетиката на Економскиот форум во Делфи, Грција, јави дописничката на МИА.

Министерката детално се осврна на плановите и чекорите што ги презема нашата земја со цел да се обезбедни енергетска стабилност, но и меѓусебна поврзаност со соседните земји, нагласувајќи дека е „геостратешки пристап“ и го спомена интерконекторот со Грција и неговото продолжувањето кон Србија.

– Ќе бидеме транзит земја и ќе ја снабдуваме со гас Југоисточна Европа и мислам дека до крајот 2027 преку оваа соработка ќе постои алтернатива за рускиот гас. Ова е многу важно. Друго важно прашање е стратешкиот дијалог што го имавме со САД пред две седмици, а освен состаноците потпишавме и Меморандум за разбирање за подобрување на гасната безбедност, објасни Божиновска.

Се осврна и на важноста на спојувањето на пазарите на електрична енергија со соседните земји и ЕУ (т.н.маркет каплинг), за што рече дека доцни бирократијата во Брисел, но изрази надеж дека ќе за финализира прашањето до 2028 година, уште еднаш нагласувајќи ја важноста на поврзаноста.

Дополнително посочи дека во енергетската транзиција, нашата земја е насочена кон обновливи извори на енергија, што воедно е главен приоритет, додека пак во однос на малите модуларни реактори, рече дека тоа е добра идеја, но станува збор за долг законодавен процес, а во тој период „треба да работи на обновливи извори на енергија“. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Божиновскаенергетската безбедност
Претходен напис Викендов сончево и потопло, од вторник нестабилно со пониски температури и дожд
Следен напис Дурмиши: Над 40 милиони евра за вработување и нови мерки за работниците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?