Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона
Агровести

Туристичката комора на ССКМ бара одложување на примената на ЕЕС-системот на грчките граници за македонските државјани во летната сезона

Објавено 23/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Туристичката комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) официјално упати барање до Министерството за туризам на Република Грција за привремено одложување на примената на новиот Entry/Exit System (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година.

Иницијативата доаѓа по реакциите и укажувањата од туристичкиот сектор во земјата, кој предупредува дека евентуалната примена на системот во шпицот на летната туристичка сезона може да предизвика значителни застои на граничните премини со чекања од повеќе часови. Ова, како што посочуваат туристичките работници, директно би влијаело врз квалитетот на туристичкото искуство, но и би можело да резултира со откажување на веќе резервирани аранжмани за летување во Грција.

Граничниот премин Богородица од денеска официјално е отворен само за транзит  на странци со што е забележано поголемо присуство на возила кои без проблем ја минуваат нашата граница, но се вра

– Грција е традиционално најзначајна туристичка дестинација за граѓаните на Македонија, а непречениот проток на патници е од суштинско значење за одржување на стабилноста и развојот на туристичката индустрија. Затоа бараме разбирање и разгледување на можноста за временско одложување на имплементацијата на системот во текот на најфреквентниот период – посочуваат од Туристичката комора при ССКМ.

Нагласуваат дека иницијативата е во насока на зачувување на добрососедските односи и поддршка на економската соработка меѓу двете земји, особено во делот на туризмот, кој претставува значаен сегмент за регионалната економија.

Туристичката комора очекува позитивен одговор од грчките институции со цел обезбедување непречено движење на туристите и успешна реализација на претстојната летна сезона.

Задолжителен документ за Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при влезот во земјата, за оние кои патуваат со негативен тест, и понатаму се предусловите за патување во Грци

Ослободување од ЕЕС-проверки при патување во Грција во текот на летните одмори побара и Националното здружение на туристичките агенции на Србија (ЈУТА). Повеќе од еден милион српски туристи, кои секое лето одат на одмор во Грција, се надеваат дека ќе ги избегнат километарските редици на граничните премини.

Грчката влада веќе одлучи дека британските граѓани нема да мора да поминуваат низ биометриски проверки при влегување во земјата како дел од имплементацијата на новиот европски ЕЕС за да се избегне можниот метеж на границите и аеродромите. Грција минатата година ја посетиле речиси пет милиони британски туристи. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕЕС-системотлетната сезонаодложувањеССКМТуристичката комора
Претходен напис МАСИТ со нови патрон партнерства: Property One Group и TGG за уште поголема поддршка на ИКТ секторот
Следен напис Анализа: Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу купувале авиобилети и резервирале хотели
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?