Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамед Али денеска оствари работна средба со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Игор Лазаревски, во рамки на активностите за унапредување на институционалната соработка и размената на податоци. Фокусот на разговорите, информираат од ЦУК, беше ставен на унапредување на соработката во делот на обезбедување клучни метеоролошки податоци, неопходни за ефикасно функционирање на системите на ЦУК, особено во контекст на управување со ризици и кризни состојби.

-На средбата беше договорено потпишување на меморандум за соработка, како и започнување на технички активности за повторно воспоставување на комуникациските канали меѓу двете институции- соопшти ЦУК.
Оваа иницијатива, се наведува во соопштението, произлегува од тековниот проект што ЦУК го реализира со УНЕП, насочен кон надградба на МКФФИС системот, со акцент на индексот на опасност од пожари и подобрување на временските прогнози од страна на УХМР.
МИА
