Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки
Агровести

Трипуновски: Министерствата за земјоделство и економија утре ќе имаат заеднички состанок со увозниците на вештачки ѓубрива за носење конкретни мерки

Објавено 16/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економија и труд заеднички прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива, информираше денеска министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“(АНП-2026) на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Трипуновски најави дека на утрешниот заеднички состанок се очекува да се донесат мерки кои ќе го превенираат ценовниот шок, бидејќи има зголемување на цената на вештачките ѓубрива. Скринингот е во делот на тоа по која цена се увезени вештачките ѓубрива и колкава е маржата која што ја имаат употребено во делот на продажбата.

– Веќе во текот на утрешниот ден е закажан состанок со увозниците на вештачки ѓубрива во нашата држава, во Министерството за земјоделство, на кој што ќе присуствуваат и претставници од Министерството за економија, да ја согледаме сондажата од терен, која што е пристигната од Пазарниот инспекторат и спрема тие параметри кои што ќе бидат внатре на еден заеднички состанок ќе донесеме некои конкретни мерки, како ќе се делува во делот на евентуално превенирање на ценовниот шок, во делот на употребата на вештачките ѓубрива – рече Трипуновски.

На прашањето дали сточарите ги добија сите субвенции, Трипуновски со одговор дека во делот на исплатата на субвенциите секогаш има дополнителни контроли и тоа, како што рече, во делот на тоа што значи исправност на самите апликации. 

-Субвенциите кои што досега се исплатени се преку 35 милиони евра, за повеќе земјоделски категории и така ќе продолжи во наредниот период. Повторувам оние кои што биле во дополнителна контрола, по завршување на самиот процес ако е исправна апликацијата, ако е контролата во ред, нормално ќе им се исплати на тие земјоделци, рече Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на  научното стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“ во Штип.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијамеркисостанокТрипуновски
Претходен напис Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Следен напис Димитиеска-Кочоска: ММФ ја засилува поддршката за реформи и економска стабилност во регионот преку нов Регионален центар за ЈИЕ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?