Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Избран најшарениот град во светот: Европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои, а на оваа листа се најде и град од Балканот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Избран најшарениот град во светот: Европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои, а на оваа листа се најде и град од Балканот
Магазин

Избран најшарениот град во светот: Европска дестинација со повеќе од 2,6 милиони бои, а на оваа листа се најде и град од Балканот

Објавено 16/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ирската компанија за патничко осигурување Џаст кавер (JustCover) го прогласи Лисабон за најшарен град во светот, покажува најновата анализа заснована на обработка на фотографии од различни светски дестинации. Според студијата, од избраните фотографии од португалската престолнина биле идентификувани повеќе од 2,6 милиони различни бои, што го става Лисабон на врвот на листата на визуелно највпечатливи градови.

Истражувањето е направено во време кога патувањата сè почесто се документираат и споделуваат на социјалните мрежи, каде што естетиката и визуелниот ефект имаат сè поголемо значење при изборот на туристичката дестинација, особено кај љубителите на фотографија и дигитална содржина.

Лисабон е препознатлив по своите пастелни фасади и декоративни керамички плочки, кои доминираат во историските квартови како Алфама. Дополнителен визуелен белег на градот се и познатите жолти трамваи кои се движат низ тесните и стрмни улички. На второто место се најде Куала Лумпур во Малезија, кој се издвојува по контрастот меѓу современата архитектура и традиционалните објекти, вклучувајќи ги и богато украсените храмови и светилишта.

Третото место му припадна на Порто, уште еден португалски град, со што Португалија добива значајно место на оваа листа. Карактеристичните покриви од теракота, шарените куќи покрај реката и калдрмисаните улици придонесуваат за неговата препознатлива визуелна слика, додека историските вински подруми нудат дополнително искуство за посетителите.

Четвртата позиција ја зазема Картахена во Колумбија, пристаништен град познат по живописната архитектура. Меѓу неговите најпознати обележја е жолтата кула – часовник на влезот во Стариот град, додека зградите во различни бои и балконите украсени со цвеќиња создаваат впечатлив и урбан поглед. На петтото место се наоѓа Рио де Жанеиро во Бразил, каде што биле регистрирани повеќе од 2,3 милиони уникатни бои на фотографиите. Меѓу најпознатите атракции се скалите Селарон, украсени со плочки во жолта, сина и зелена боја, кои привлекуваат голем број туристи секоја година.

Анализата била спроведена врз основа на репрезентативни дневни фотографии за секоја локација, без употреба на силни филтри. Потоа бил користен специјализиран алат за детекција и пресметка за бројот на бои присутни на сликите, со цел да се утврдат најживописните градови во светот. На оваа листа се најде и еден град од Балканот. Дубровник е рангиран на 11. место, што го става меѓу најшарените туристички дестинации според ова истражување. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:БалканотЕвропска дестинацијанајшарениот град
Претходен напис АХВ спроведе 1221 предпразнични вонредни контроли
Следен напис Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?