Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АХВ: Производство и ставање во промет на конзумни јајца
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > АХВ: Производство и ставање во промет на конзумни јајца
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОЈавни огласи и повициСточарско производствоФондови

АХВ: Производство и ставање во промет на конзумни јајца

Објавено 07/06/2020
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.

Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

Директно снабдување на конзумни јајца од страна на примарен производител

Ставање во промет за директно снабдување на крајниот корисник се врши од страна на примарни производители – одгледувачи на живина.

Максималното количество на јајца за директно снабдување до крајниот корисник изнесува до 350 јајца неделно односно до 18.000 јајца годишно.

Максималното количество на конзумни јајца од други видови ситна живина наменети за директно снабдување на крајниот потрошувач не треба да надмине 700 јајца неделно односно 35.000 јајца годишно.

Производителот на јајца наменети за директно снабдување треба да ги обезбеди следните услови:

  • јатото живина да е во добра општа здравствена состојба и не покажуваат знаци на заразни болести кои се пренесуваат преку јајца на луѓето;
  • живината да не е третирана со забранети или неодобрени препарати, односно да се почитува периодот на каренца за ветеринарно-медицински препарати;
  • јајцата да се чувани во чисти, суви и ладни простории, заштитени од директна сончева светлина и заштитени од штетници;
  • јајцата се пласираат за продажба најдоцна 21 ден од денот на носење, а рокот на употреба е 28 дена од денот на несење; и
  • се обезбедени достапни резултати од анализа на присуство на Salmonella spp во јатото.

Јајцата наменети за директна продажба треба да бидат пропратени со следните податоци:

  • име и адреса на производител;
  • регистарски број на одгледувалиште;
  • видот на живина од која јајцата потекнуваат;
  • датум на несење и
  • рок на употреба.

Примарни производители подлежат на регистрација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ставање во промет на конзумни јајца од страна на операторите со храна од мал обем на производство со локализирана активност

Објектот со мал обем на производство со локализирана активност треба да има најмалку:

  • просторија за прием, сортирање и пакување на јајца; и
  • просторија за складирање.

Јајцата треба да потекнуваат од регистрирани примарни производители на јајца. Означувањето на јајцата и пакувањата треба да биде во согласнот со согласно прописите од областа на квалитетот на земјоделските производи.

Операторите со храна од мал обем подлежат на одобрување од страна на Агенцијата.

Операторот со храна треба да обезбеди документи за следливост со кои ќе гарантира дека:

  • јајцата потекнувааат од регистрирани одгледувалишта на живина;
  • живината е во добра општа здравствена состојба и не покажува знаци на заразни болести;
  • живината не е третирана со забранети или неодобрени препарати, односно се почитува периодот на каренца за ветеринарно медицински препарати; и
  • јајцата се пласираат на пазар најдоцна до 21 ден од денот на носење.

Потребна документација за регистрација на операторите со храна од животинско потекло

  1. Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потекло;
  2. Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
  3. Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
  4. Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
  5. Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
  6. Листа на моментални животни од видот говеда;
  7. Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
  8. Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
  9. Потврда за соодветно уплатени административни такси.

Потребна документација за одобрување на операторите со храна од животинско потекло

  • Барање за одобрување на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло;
  • Доказ за сопственост на објектот (имотен лист) или договор за закуп на деловниот објект;
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  • Доказ за одобрен елаборат за заштита на животната средина (одобрување од страна на Министерство за животна средина);
  • Oпис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата и технолошките патишта на производството во размер 1 :100 односно 1:50;
  • Техничко технолошки елаборат;
  • Потврда за уплатена административна такса и потврда за уплатена висина на надоместок.

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Таг:живинајајцапредлог бизниспроизводители
Претходен напис Правилник за продажба од куќен праг: Ставање во промет на мед
Следен напис АХВ: Производство и ставање во промет на свежа конзумна риба
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?