Силен циклон во текот на оваа ноќ, а особено утре ќе го зафати Балканскиот Полуосторов и регионот. Ветер со брзина од 100 км/час ќе ги погоди делови од Јадранот, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Многу интензивни врнежи од дожд, проследени со грмежи особено ќе ги погоди северозападните предели на Словенија, потоа Јадранското приморје но и југозападните предели на Босна каде во следните 24 часа се очекува локално да наврнат над 80 л/м2 воден талог. Интензивни врнежи се очекуваат локално и во останатите предели, пишува Славчо Попоски на неговиот портал МетеоАларм.мк
Локално се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси, во форма на изразено НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, олуен ветер, електрични празнења и појава на град. Сето ова може да услови и локални поплавувања. Токму поради ова граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
Се предупредуваат и нашите граѓани кои се наоѓаат моментално во овие предели да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ во случај на појава на невреме и интензивни врнежи.
За разлика од овие предели, Македонија ќе биде заобиколена и не се очекуваат некои поинтензивни атмосферски процеси, не барем засега. Состојбата околу невремето константно се следи, што значи дека за евентуални измени граѓаните ќе бидат информирани навремено.
На следната метеоролошка карта можете да го погледнете очекуваното количество на воден талог низ регионот за следните 24 часа:

За подетални информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
