Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николоски: Македонија да се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николоски: Македонија да се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес
Агровести

Николоски: Македонија да се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Објавено 09/04/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” во нејзиниот зародиш како геостратешки интерес на државата,  истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел дискусијата Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – Иницијатива 3 мориња” што се одржа во Стопанската комора.   

Според Николоски, државава има многу да понуди, а како што истакна, имаме и начин како да се приклучиме и да соработуваме. Од една страна го имаме најголемиот бизнис коридор во Европа, Коридорот 10, кој се сече со вториот по значење безбедносен коридор на НАТО, Коридорот 8.  Тие ни даваат подобра поврзаност и геостратешка предност и затоа ние како Влада посветуваме големо внимание, енергија и инвестиции да ги доизгрaдиме и модернизираме, посочи Николоски. 

Говорејќи за геополитичката позиција на државава вицепремиерот Николоски истакна дека политиките на Владата се насочени да биде поставена како стратешки партнер на САД во регионот.

– Eден сплет на настани, со мојата посета во Вашингтон, со сегашниот стратешки дијалог што се случува во Вашингтон и со посетата која ќе ја има министерката за финансии исто во Вашингтон, говори дека ние се обидуваме да се поставиме во регинот како стратешки партнери на САД.  Ако на тоа се додаде стратешкото партнерство Влада со Влада што го потпишавме минатиот мај во Лондон со Велика Британија, ако на тоа се додаде Договорот за стратешко партнерство кој го потпишавме во јули минатата година со Унгарија мислам дека работите се јасни. Најлошата работа што може да се случи на една држава е да не ги сфати новите текови. Ние мора да сме свесни во кои прилики се наоѓаме и кои прилики не чекаат и да ги искористиме – истакна вицепремиерот Николоски.   

Зборувајќи за инвестициите на коридорите 8 и 10, тој потенцира дека Владата преку инвестициите го истакнува нивното значење и важност како геостратешка предност во регионот и од аспект на економското влијание и од безбедносен аспект. 

– Во однос на Kоридор 10 имаме функционален автопат, во однос на железницата минатата година потпишавме Договор со Велика Британија да изградиме брза пруга. Во моментов ги работиме подготвителните работи, рокот е да ги завршиме во текот на летото и да почнеме со земјените работи и во рок од 5 години овој проект да биде завршен и како што ветивме до крај на 2031 година да биде завршен.  Ако на тоа се додаде гасниот конектор кој го градиме со Грција и треба да биде извор на пет алтенративни мрежи за гас, вчера се потпиша договот со ЛНГ од САД  и прашање на денови кога ќе излезе тендерот за изградба на интерконекторот со Србија, тоа значи дека тивко без многу помпа, ние во Македонија градиме алтернатива на она што се нарекува Турски тек или Јужен поток, рече Николоски.

Како што дополни, и во однос на Коридор 8 автопатски напредуваме добро. – Источното крило го пуштивме минатиот јануари, вториот дел го работиме со ЕУ од Куманово до Страцин, понатанму Страцин – Паланка го пуштивме, а го реконструираме и ГП Деве Баир. Интензивно работиме на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани. Сега со ЕБОР работиме на делот од Букојчани-Кичево и веќе интензивно се работи Кичево-Охрид. Ако на тоа се додаде целосната реконструкција и проширување на ГП „Ќафасан“, имаме едно заокружување кое до 2029 година ќе биде целосно функционално, наведе вицепремиерот.

Како што информира Министерството за транспорт, за пругата кон Бугарија, очекува до понеделник да биде објавен тендерот за надзор за третата фаза, а за дваесетина денови и тендерот за изградба на таа делница.

– Во западниот дел се работи со ЕУ за надградба и реконструкција на потегот од Скопје преку Јегуновце, Гостивар до Кичево на постојната траса, а ако се договориме со УНЕСКО ќе ја продолжиме до Охрид, Струга и граница со Албанија – истакна вицепремиерот.

Тој ги потенцира и проектите на Коридор 10-Д како и можноста за поврзување на Коридор 10 со Коридор 4 во Бугарија, како  инвестиции кои геостратешки ќе овоможат економска предност и безбедност во децениите што следат. лв/вг/

Министерство за транспорт

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:иницијативатаинтересМакедонијаНиколоскиТри мориња
Претходен напис Без обединет бизнис и академска фела нема економски развој, порака на Азески
Следен напис Еве кои земјоделци до 15 мај треба да поднесат барања за субвенции за 2026!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?