Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сите земјоделци кои претходно имаат добиено дозволи за движење со назнака „трајни“, истите продолжуваат да важат и во претстојниот продолжен викенд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сите земјоделци кои претходно имаат добиено дозволи за движење со назнака „трајни“, истите продолжуваат да важат и во претстојниот продолжен викенд
Агровести

Сите земјоделци кои претходно имаат добиено дозволи за движење со назнака „трајни“, истите продолжуваат да важат и во претстојниот продолжен викенд

Објавено 04/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно воведената целосна забрана за движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, почнувајќи од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот, и во сите останати градови во државата, кадешто истотака има забарана за движење, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува сите земјоделци дека, движењето ќе биде регулирано на ист начин како по претходно утврдените правила. 

Земјоделците коишто имаат работни обврски на своите земјоделски површини на фармите, а кои се наоѓаат во атарот (место на живеење) на селото во коешто живеат, можат да се движат за време на забраната за движење, исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење.

Земјоделците чиишто земјоделски површини или фарми се наоѓаат надвор од селото/градот каде што живеат и треба да патуваат од едно во друго село, да сообраќаат по регионален пат, а имаат работни обврски поврзани со производството, потребно е да имаат дозволи за движење и да ги носат со себе. Во тој конеткст, сите претходно издадени дозволи за движење за време на забрана за движење, кои имаат назнака „трајни“, продолжуваат да важат и во овие денови од 4ти до 8ми јуни.

Земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС), а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности, треба телефонски да ги известат Општинските кризни штабови во местото на живеење, каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. Напоменуваме дека Општинските кризни штабови нема да издаваат дозволи за движење, туку само ќе ги евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лица  ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици (Одделение, Станица, ОВР, СВР).

Ги повикуваме земјоделците да ги почитуваат новите препораки на Владата и движењето да го користат исклучиво за работни обврски, со цел заеднички да придонесме во справувањето сo коронавирусот во нашата држава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:движење на земјоделцитеДозволи за движењеерзсмзшв
Претходен напис Бабовски: АФПЗРР ги повикува сите земјоделци кои ги загубиле или оштетиле картичките за зелена нафта до 12 јуни да ги пријават во подрачните единици на МЗШВ
Следен напис Украина сака да ги спречи сезонските работници да ја напуштат земјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?