Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед
Агровести

Пчелари од Делчево и регионот на првиот Саем на пијанечки мед

Објавено 06/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек се финалните подготовки за одржување на првиот Саем на пијанечки мед во Делчево, кој ќе се реализира во рамки на манифестацијата „Денови на пијанечкиот мед“, во организација на Здружението „Пијанечка пчела два“, со поддршка на Општина Делчево.

Саемот ќе се одржи на 10 и 11 април, а изложбените штандови ќе бидат поставени во паркот пред Спомен-дом АСНОМ, каде посетителите ќе имаат можност да се запознаат со богатата понуда на мед и пчелни производи од регионот.

Според информациите од организаторите, досега учество на саемот пријавиле околу 15 пчелари од Делчево, како и од поширокиот регион, што укажува на зголемен интерес и потенцијал за развој на пчеларството во источниот дел на државата.

Претседателот на здружението, Јованчо Медарски, информира дека покрај мед и производи од мед, на штандовите ќе бидат изложени и различни видови опрема и алатки неопходни за современо и квалитетно одгледување на пчелни семејства. Како што посочи, саемот претставува можност за размена на искуства меѓу пчеларите, но и за едукација на граѓаните за значењето на пчелите и здравствените придобивки од медот.

Организаторите очекуваат добар одѕив од граѓаните, нагласувајќи дека ваквите настани имаат за цел да ја поттикнат локалната економија, да го промовираат домашното производство и да ја зајакнат свеста за користење природни и здрави производи.

Манифестацијата „Денови на пијанечкиот мед“ се реализира под мотото „Јади го медот како храна за да не го јадеш како лек“, со што се испраќа порака за важноста на медот како дел од секојдневната исхрана и превенција на здравјето. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Делчевопијанечки медпчелариСаем
Претходен напис Владата работи со сите стекхолдери  за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
Следен напис МЗШВ: Исплатени се близу 94 милиони денари кон околу 2.430 земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?