Пица стапчињата потекнуваат како практична и забавна варијација на класичната пица, најверојатно во американските пицерии каде што се сервирале со сосови.
Денес, тие се популарни низ целиот свет бидејќи се лесни за подготовка и идеални за собири, грицкање со филм или како предјадење.
Во некои американски синџири на ресторани, пица стапчињата се продаваат повеќе од самата пица – токму затоа што се погодни за потопување во разни сосови.
Состојки:
За тестото:
– 500 г брашно
– 1 кесичка сув квасец (или 20 г свеж)
– 1 лажичка шеќер
– 1 лажичка сол
– 300 мл млака вода
– 2 лажици маслиново масло
За филот:
– 150 г кечап или доматен со
– 200 г сирење, моцарела или кое било друго сирење по ваш избор
– 100 г шунка или кулен (по желба)
– оригано
– малку маслиново масло
Подготовка:
1. Растворете квасец и шеќер во млака вода, оставете 5-10 минути да запени.
2. Додадете брашно, сол и масло, а потоа замесете мазно тесто.
3. Покријте и оставете на топло место да нарасне околу 45-60 минути.
4. Развлечете го тестото во правоаголник (дебелина од околу 0,5 см).
5. Покријте со доматен сос. Додадете рендано сирење и шунка. Посипете со оригано.
6. Превиткајте го тестото како сендвич (на половина).
7. Исечете на ленти (стапчиња).
8. По желба, малку извиткајте ги.
9. Наредете на плех обложен со хартија за печење.
10. Премачкајте со малку маслиново масло.
11. Печете во загреана рерна на 200°C околу 15-20 минути, додека не поруменат.
