Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра
Агровести

Е-трговијата бележи раст, во 2025 година реализирани онлајн трансакции од 950 милиони евра

Објавено 01/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Е-трговијата бележи континуиран раст. Во 2025 година се реализирани онлајн трансакции во вредност од 950 милиони евра, што претставува годишен раст од 32 проценти, било посочено на Годишното собрание на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТСМ.

Според претседателката на Асоцијацијата, Нина Ангеловска-Станков, ова е јасен показател за зголемената доверба во онлајн купувањето, растот на понудата и развојот на дигиталните плаќања, но и поттик да се продолжи со унапредување на условите за понатамошен раст.

Поздравно обраќање имала и директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова која ја истакнала важноста на институционалната поддршка и дигиталната трансформација за развојот на економијата.

– Дигитализацијата на фискалните процеси е клучна за понатамошен развој на е-трговијата и за создавање фер и транспарентен пазар. Како институција, остануваме посветени на изнаоѓање практични и лесно применливи решенија за е-фискализација, во тесна соработка со бизнис заедницата. Нашата цел е да овозможиме раст на секторот, притоа намалувајќи ја сивата економија и зајакнувајќи ја довербата кај потрошувачите, истакнала Петрова.

Од Асоцијацијата за е-трговија инфрмираат дека на Собранието било официјално најавено и 9. издание на регионалната конференција за е-трговија, што ќе се одржи на 3 ноември годинава во Националната опера и балет, а на кое се очекува да присуствуваат над 900 учесници од целиот Западен Балкан.

– Дополнително, на Собранието беа презентирани и активностите на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, подружница на АЕТСМ, при што беше истакнато дека во 2025 година се реализирани бројни иницијативи за унапредување на родовата еднаквост, а за 2026 година е најавено и 5-тото јубилејно издание на конференцијата EqualXchange, кое ќе се одржи на 19 мај, информираат од Асоцијацијата.

Асоцијација за е-трговија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:950 милиони евраЕ-трговијатаонлајн трансакциираст
Претходен напис Турската Централна банка продала 44,3 милијарди долари од резервите заради стабилизација на лирата
Следен напис Во тек е откупот на зелката, земјоделците се задоволни од моменталната откупна цена од 35 ден/кг
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?