Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
Агровести

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто

Објавено 31/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Инфлацијата во еврозоната нагло се зголеми по порастот на цените на нафтата предизвикан од војната меѓу САД и Ирак против Иран, јави ДПА.

На годишно ниво, цените на мало во март се зголемија за 2,5 отсто, покажува првичната процена објавена денеска од статистичарите на Евростат во Луксембург. За споредба, во февруари, стапката на инфлација изнесуваше 1,9 отсто.

Економистите очекуваа малку поголем пораст, односно во просек околу 2,6 отсто.

Европската централна банка (ЕЦБ) има за цел годишна стапка на инфлација на среден рок да изнесува два отсто, пренесува ДПА.

Во споредба со февруари, цените се зголемија за 1,2 отсто, а аналитичарите очекуваа пораст од 1,3 отсто.

„Масовниот пораст на цените на енергијата ја катапултираше инфлацијата нагоре во март“, рече главниот економист на Комерцбанк, Јерг Кремер, додавајќи дека „најдоцна до мај, веројатно ќе надмине три отсто.“

Доколку тоа се случи, високите трошоци за енергија би ги зголемиле и цените на многу други стоки, зголемувајќи ја основната инфлација – која ги исклучува нестабилните цени на храната и енергијата – и сè уште не се зголемила во март.

„Зголемениот инфлациски притисок сугерира дека ЕЦБ ќе ги зголеми своите клучни каматни стапки најдоцна во април или јуни“, додаде Кремер, пренесен од германската агенција.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВојнатаеврозонатаИранСтапката
Претходен напис Агрометео: ПРОЛЕТНИ АГРОТЕХНИЧКИ МЕРКИ ВО ЛОЗЈЕТО
Следен напис Димитриеска-Кочоска на средба со Стопанската комора: Заедно со реалниот сектор ги констатираме актуелните состојби со цел навремено да реагираме
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?