Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ), орган на државната управа во состав на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), со статус на биро зачекори во дигиталната ера, со лансирање на официјалниот вебсајт.
Дигитализацијата ќе овозможи едно повисоко ниво на напредни и квалитетни лабораториски услуги, со цел обезбедување на заштита на здравјето на растенијата, безбедноста на храната и контролата на квалитет на семе преку акредитирани, сигурни и научно засновани лабораториски анализи.
Државната фитосанитарна лабораторија (ДФЛ) обезбедува напредни и квалитетни лабораториски услуги за дијагностицирање и детерминирање на штетни организми, биолошки тестирања, испитување на физички и хемиски својства на производите за заштита на растенијата, резидуи од пестициди во растително производство, анализа на активна супстанца, анализа на семенски и саден материјал, земање примероци од семе и параметри за одредување на квалитет на земјоделски производи.

Сектор за растителни болести и штетни организми
Во Секторот за растителни болести и штетни организми се вршат специјализирани лабораториски испитувања на растенија, растителни производи и други објекти за дијагностицирање и детерминирање на растителни болести и штетни организми. Статутарните надлежности се лабораториски испитувања согласно усвоени меѓународни и EPPO протоколи.
Одделенија:
Одделение за растителни болести
- Лабораторија за вирусологија
- Лабораторија за бактериологија
- Лабораторија за микологија
- Лабораторија за молекуларна дијагностика
Одделение за штетни организми
- Лабораторија за нематологија
- Лабораторија за ентомологија
Услуги:
Утврдување на здравствената состојба на растенијата и дијагностика на вируси, бактерии, габи, фитоплазми, нематоди и инсекти на донесен примерок од:
– Семенски и меркантилен компир
– Овошни видови и винова лоза
– Градинарски култури одгледувани на отворено и во затворен простор
– Тутун и други индустриски растенија
– Житни растенија
– Фуражни растенија
– Маслодајни растенија
– Украсни растенија
– Шумски растенија
– Дрвен материјал
– Почва
– Семе и саден материјал
Сектор за аналитичка хемија и анализа на ѓубриња
Секторот за аналитичка хемија и анализа на ѓубриња реализира активности во лабораторијата за контрола на квалитетот на производите за заштита на растенија и одредување резидуи од пестициди во примарното земјоделско производство.
Статутарните надлежности на секторот се определени согласно барањата на ЕУ Директивата 91/414 и ЕУ Директивата 788-2012 и вклучуваат:
– испитување на содржината на активна супстанца во производите за заштита на растенија
– определување резидуи од пестициди во храна од растително потекло
Одделенија:
Одделение за аналитичка хемија
- Припремна просторија за пестицидни формулации (ПЗР)
- Лабораторија за контаминенти и резидуи од пестициди
- Лабораторија за вино и контрола на квалитет
Одделение за анализа на ѓубриња
- Разни аналитички активности и контрола
Услуги:
– Анализа на активна супстанца во производи за заштита на растенијата HPLC/DAD и GC/FID
– Детекција и квантификација на над 400 резидуи од пестициди во храна од растително потекло (овошје, зеленчук, нивни преработки, вино, бебешка храна) анализирани со LC/MS/MS и GC/MS/MS
– Детекција и квантификација на остатоци од поларни пестициди во храна од растително потекло – glyphosate, поединечни методи (singlе methods) LC/MS/MS и GC/MS/MS
– Анализа на микотоксини во житарки, брашно и сточна храна
– Определување на параметри во вино, производи од грозје и винo со FOSS WINESCAN SO2 анлизатор и тоа: Параметри за анализа на вино: вкупни полифеноли, глицерол, глуконска киселина, сорбинска киселина, CO2, лимонска киселина, глукоза, фруктоза, редуцирачки шеќер, испарливи киселини, млечна киселина, винска киселина, густина, вкупни киселини, етанол, јаболкова киселина, pH, глукоза/фруктоза, глукоза во полусуво вино, фруктоза во полусуво вино, глукоза/фруктоза во полусуво вино, редуцирачки шеќери во полусуво вино, абсорбанца 420 nm, абсорбанца 520 nm, абсорбанца 620 nm, слободен сулфур диоксид, вкупен сулфур диоксид и вкупна киселост Параметри за анализа на вино во ферментација: јаболкова киселина, испарливи киселини, pH, редуцирачки шеќери, вкупни кислеини, густина, CO2, глукоза/ фруктоза и етанол Параметри за анализа на шира: глукоза/фруктоза, brix, густина, вкупни киселини, испарливи киселини, винска киселина, јаболкова киселина, pH, екстракт, редуцирачки шеќер, фруктоза, глукоза, амонијак, алфа амино азот, калиум, глуконска киселина, етанол, глицерол, млечна киселина, Grey Rot (A), Grey Rot (B), Acid Rot, ферментативна активност и Lactic Rot
– Анализа на биогени амини во вино LC/MS/MS
– Анализа на органски киселини во вино HPLC/DAD
– Анализа на макро и микро елемнти во вино со ICP/MS: Be, Cr, Cu, Ba, Th, Co, Tl, Na, Mn, Zn, Ce, K, Ni, In, Mg, Fe, As, Hg, Ca, Cd, Pb
– Анализа на слободен сулфур диоксид, вкупен сулфур диоксид, вкупна киселост (како винска киселина), редуцирачки шеќер, определување на pH
– Анализа на охратоксин А
– Анализа на вкупни афлатоксини
– Анализа на патулин
– Анализа на нитрати во зеленчук
– Определување содржина на сирови влакна – метод на одредување и пресметување по Кürschner-Hanak
– Определување содржина на азот – дел 1: метод по Кjeldahl (автоматски Gerhard систем)
– Определување содржина на масти по Soxhlet
– Определување содржина на редуцирачки и вкупни шеќери
– Определување содржина на сол – дел 1: определување содржина на натриум хлорид
– Анализа на ѓубриња, oпределување на вкупен, амонијачен и нитратен азот со автоматски Gerhard систем
– Анализа на макро и микро елементи во ѓубриња со ICP/MS: Be, Cr, Cu, Ba, Th, Co, Tl, Na, Mn, Zn, Ce, K, Ni, In, Mg, Fe, As, Hg, Ca, Cd, Pb
Сектор за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота
Секторот за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота извршува контроли за квалитет (чистота, ’ртност, влага и маса на 1000 зрна семе) согласно Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и подзаконските акти кои произлегуваат од истиот, усогласени со Интернационалните правила за тестирање на семето (ISTA).
По извршените анализи за испитување на квалитетот на семенскиот и саден материјал согласно добиена акредитација, Државна фитосанитарна лабораторија издава „Сертификат за квалитетот на семето на земјоделски растенија“.
Одделенија:
Одделение за испитување на семе, саден материјал и сортна чистота
- Просторија за припрема на примероците за анализа
- Лабораторија за испитување на влага на семе и квалитет на земјоделски производи
- Лабораторија за ’ртност, влага АМ, ТТ-тест и квалитет на земјоделски производи
- Просторија за чување на анализирани мостри семе до 1 година
Одделение за административно техничка поддршка
Има функција од административен и техничко-оперативен карактер во врска со активностите на ДФЛ и обезбедува административна поддршка на директорот на ДФЛ (сметководство, комуникација, организација, итн.)
Услуги:
– Испитување на квалитетот на семето кај земјоделски растенија – аналитичка чистота на семе (%), влага во семе (%), `ртност на семе (%) и маса на 1000 зрна семе (gr)
– Биохемиско испитување на виталноста на семето (топографски тетразол тест)
– Пресметковна процедура за одредување содржина на сок, растворливи суви материи со рефрактометар во Brix°, маса изразена во (g), пречник изразен во милиметри (mm) и цврстина изразена во килограми (kg)
– Метод за определување на процентот на влага, протеини, влажен глутен во брашно, одредување на влага, протеини, седиментација по Zeleny во семе од житарки, определување на протеини и влага во ориз, определување содржина на масла, протеини и влага (на мелени зрна и на цели зрна) во пченка, определување на протеини и влага во сточен грашок, определување на масла и влага во маслодајна репа, определување на протеини, влага и масла во соја со FOSS Infratec1241 Denmark
– Определување на густина на големо изразена во хектолитарска маса во житарки
– Стандарден метод за одредување на материи, со исклучок на основни жита со неоштетен квалитет
